Меѓународниот фестивал за креативноста Cannes Lions објави дека ќе го прогласи претседателот и генерален извршен директор на Mattel, Инон Крајз, за „Личност на годината“ во забавната индустрија. Оваа награда ја слави креативноста што ги инспирира другите да продуцираат навистина привлечни, значајни и забавни содржини.
Инон Крајз раководи со повеќегодишна стратегија за трансформација која го позиционираше Mattel како компанија со високи перформанси. Под негово водство, Mattel Films го најави снимањето на 16 играни филмови во партнерство со големи продукциски студија. Нивниот прв филм „Barbie“ стана културен феномен, постигнувајќи го најголемиот светски бокс-офис во 2023 година, со што стана и 14-ти филм со најголема заработка на сите времиња. Филмот за Барби беше номиниран за осум награди Оскар, вклучително и за најдобар филм, а доби Оскар за најдобра оригинална песна.
Mattel има растечка понуда во сферата на телевизијата, производите за широка потрошувачка, дигиталните игри, настаните и искуствата во живо, издаваштвото и музиката.
„Среќни сме што му оддаваме чест на Инон и им оддаваме признание на Mattel за нивната континуирана посветеност на креативноста во забавата. Силното лидерство на Mattel доведе до тоа да стане иновативна глобална компанија за играчки и семејна забава. Со отклучување на потенцијалот на своите основни средства и интелектуалната сопственост, Mattel ја зајакна релевантноста на компанијата и привлечноста на нејзиното иконично глобално портфолио. Преку Barbie особено, Инон го отвори патот на брендот за проширување на неговата културна резонанца и комерцијален успех“ – истакна Сајмон Кук, извршен директор на LIONS.
„ Во својата суштина, Mattel е креативна компанија поттикната од иновации и водена од нашата цел. Ние сме мотивирани од сознанието дека луѓето кои ги купуваат нашите производи се повеќе од потрошувачи, тие се фанови со емотивна врска кон нашите брендови. Голема чест е да бидеме признати од престижните Cannes Lions и да го споделиме ова со глобалниот тим на Mattel, чија страст ја негува нашата креативност секој ден. “ – изјави добитникот на наградата Инон Крајз, претседател и генерален извршен директор на Mattel.
Крајз ќе одржи говор на фестивалската сцена во петок на 21 јуни и ќе го подигне признанието за време на церемонија на доделување на наградите на Cannes Lions истата вечер.
Овогодишното издание на меѓународниот огласувачки фестивал Cannes Lions стартува денес и ќе трае до 21 јуни во Кан, Франција. Повеќе информации за настанот на www.canneslions.com