TEST POSСамитот започна вчера со првите активности и вечерниот прием, додека денес, на вториот ден од програмата, се одржа и официјалната церемонија на отворање. Главната програма на 2 и 3 октомври се одржува во Македонската филхармонија, а четиридневната програма завршува на 4 октомври.
На официјалното отворање се обрати и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој во своето обраќање ја истакна важноста македонските компании и стартапи да инвестираат и да создаваат во земјата, но своите амбиции да ги насочат кон глобалниот пазар.
Извор: Webmind редакција
Тој посочи и дека вештачката интелигенција повеќе не треба да се гледа како технологија на иднината, туку како реалност што веќе е присутна и го менува начинот на кој живееме, работиме и создаваме. За мала земја како Северна Македонија, порача Мицкоски, важно е да биде во чекор со овие промени и да ги искористи можностите што ги носи новата технолошка ера.
Од AI и инвестиции до стартапи, енергетика и HealthTech
По официјалното отворање, програмата продолжи со низа предавања, панели, разговори и презентации посветени на вештачката интелигенција и новите технологии, стартап-екосистемот и податоците, инвестициите, претприемништвото, енергетиката и климатските технологии, HealthTech и FinTech.
Значаен дел од дискусиите беше насочен кон тоа како AI веќе ги трансформира компаниите и нивните тимови, како стартапите можат да изградат скалабилни бизниси и да стигнат до првите клиенти и инвестиции, но и како технологијата може да се примени во индустријата, енергетиката, здравството и финансиските услуги. Во текот на денот беа предвидени и презентации на стартапи и практични сесии за основачите кои се во различни фази од развојот на своите компании.
Извор: Webmind редакција
Токму разновидноста на темите ја отсликува пошироката идеја на Startup Revolution AI Summit, да создаде простор во кој технологијата, капиталот, претприемништвото и институциите ќе се сретнат околу прашањето што следува и како регионот може да биде активен дел од тие промени.
Програмата продолжува и во следните два дена, а Startup Revolution AI Summit 2026 ќе заврши на 4 октомври, со завршни активности поврзани и со Wizz Air Скопскиот маратон.
Прочитајте повеќе за четиридневната агенда на Самитот на https://startuprevolution.ai/
Извор: Webmind редакција