Во категоријата до осум години, златни медали освоија Војдан Лазаров и Матеј Трајковски, додека бронзени медали освоија Лука Настовски, Аврам Портарски и Стефан Вељјаноски.
Во категоријата до десет години, со златен медал се закити Ерик Антин.
Извор: Суперџудо Скопје
Кај џудистите во две години повозрасната категорија, бронзени медали освоија Димитар Марковски, Огнен Фиданоски и Калин Намичев, додека во категоријата до 14 години, бронза освои Стефанија Златаноски.
„Медалите се само еден дел од приказната. Најважно е што секој наш натпреварувач излезе на татамите, се бореше до крај и стекна ново искуство. Горди сме на целиот тим и на секое дете кое храбро го прифати предизвикот!“, велат од клубот.
Успешниот настап е дополнителен поттик за младите џудисти да продолжат со тренинзите, да ги развиваат своите вештини и да се подготвуваат за следните натпреварувачки предизвици.
Извор: Суперџудо Скопје
„Сакура куп“ е меѓународен џудо-турнир во Катерини, Грција. Осмото издание се одржа на 3 и 4 октомври 2026 година, во организацијата на спортскиот клуб „Сакура“ и Општина Катерини.