Големи лидери и ефективни менаџери

Дали повеќе би сакале да бидете лидер – визионер за вашата компанија, но да имате неорганизирано управување или да имате структурирани системи со продуктивен тим, а да немате време да поттикнете иновации во вашето работење? Дали треба да изберете помеѓу двете работи?

golemi-lideri-1484-fi

Извор: Freepik / kanatex

Едвард Фернандез, како сопственик на бизнис, во изминатата деценија сфатил дека постои огромна разлика помеѓу силен лидер и дисциплиниран менаџер. Неразбирањето на разликата може многу да го чини вашиот тим или вашата работа.

Силниот лидер автоматски не е и силен менаџер

Големи лидери и лош менаџер не е нов концепт. Но, ако сте претприемач кој се бори со аспектот на управување со таленти за водење бизнис, важно е да ги препознаете вашите слаби точки.

Анемари Нил, основач на Центарот за иновации во лидерството со 20-годишно глобално искуство во водечки организации, во својата книга „Leading From the Edge“ наведува:

image-1

Лидер е некој кој гледа можност и иницира промени. Менаџер е некој кој го следи тој лидер и гледа како да ги структурира работите за да создаде вредност за компанијата.

Таа од своето искуство „открила дека најдобрите лидери не се многу добри менаџери“.

Понекогаш карактеристиките што ве прават толку голем визионер за вашата компанија, како што се иновациите и преземањето ризик, се инхерентно контрадикторни со улогата на добар менаџер, кој напредува благодарение на структурата и конзистентноста.

Нил тврди: „Огромното мнозинство деловни лидери се борат да ја направат транзицијата бидејќи не ја препознаваат неопходноста од промена“.

golemi-lideri-1484-ps1

Извор: Freepik / syda_productions

Дури и големите лидери може да не препознаат дека минатите перформанси не гарантираат идни резултати, пишува Entrepreneur.

Знајте ги своите слаби точки

Има причина зошто комерцијалните авиони треба да имаат двајца пилоти во еден лет. Иако Едвард Фернандез не управува со комерцијален авион, тој води бизнис кој расте, а доделувањето улоги не е само во негов најдобар интерес, туку и во интерес на „сите во авионот“.

Препознавајќи ги своите менаџерски ограничувања, тој ја донел својата сопруга и копилот, Рут Фернандез.

„Рут има уникатен талент како корпоративен стратег и е специјализирана за градење робустна инфраструктура за претпријатија. Пред да се приклучи на нашата компанија, таа беше на раководни и сметководствени позиции во различни индустрии, и продолжи со основање на национална нотарска компанија во која беа вработени повеќе од 400 нотари и 120 адвокати на договор. Во моментов, таа служи како наш главен оперативен директор, надгледувајќи ги одделенијата за човечки ресурси и канцелариски менаџмент. Нејзината професионална стручност, како и времето што го помина дома како мајка на моите деца, ја направија добра во управувањето со луѓе и структури. Непотребно е да се каже дека нејзиното приклучување во нашата фирма означи значителна промена во нашето работење, што доведе до зголемување на приходите од 422 отсто за помалку од две години“, објасни Едвард.

golemi-lideri-1484-ps2

Извор: Freepik / pressfoto

Бизнис за долговечност и раст

Големите лидери имаат тенденција да гледаат однадвор. Едвард секогаш размислува за нивните производи, конкурентите и кој ќе биде нивниот следен голем потег.

Големите менаџери имаат тенденција да гледаат навнатре. Рут сфаќа дека тие заедно се успешни онолку колку што е нивниот тим поединечно. Таа размислува за структурите, практиките, процедурите и како да ги искористи силите на тимот за да ги постигне целите на компанијата.

Напредувањето на бизнисот со вистински менаџерски тим бара и континуирано учење.

,,Присуствувам на месечни состаноци со извршни директори кои сакаат да се поврзат со други искусни советници и консултанти за менаџмент. Иако идејата да бидете „стара школа“ има вредност, сепак невозможно е да се напредува без отворен ум. Клучно е да се погледне работењето на другите, да се анализираат трендовите на пазарот и да се менувате со текот на времето за да не заостанувате“, заклучи тој.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.