Брајан вели дека во Кенија 80 отсто од дневните трансакции се вршат преку мобилни телефони, што во голема мера ја зголемува одржливоста во селските подрачја.
„Можноста за одржување или поттикнување на одржливоста на селата е голема, а кога зборувам за села мислам на сериозни, оддалечени села. Денес е многу лесно да се пренесат различни аспекти, различен развој, различни способности за поттикнување на старт-апи, како и поттикнување на различни аспекти базирани на технологија“, изјави тој за WebMind.
Владата на Кенија ја поддржува одговорната иновација
Тој, исто така, наведе дека Владата на Кенија, предводена од претседателот Вилијам Руто, дала целосна поддршка за одговорните иновации.
„Имаме еден од најпрогресивните претседатели во областа на технологијата во нашата земја. Така што сите, и владата и луѓето, се фокусирани на поттикнување на иновации, поддршка на старт-апи, користење технологија“, потенцира Брајан.
Советникот во кениската влада објаснува дека оваа држава има министерство насочено кон дигиталната економија, со министер фокусиран на тој ресор.
„Сега е сигурно дека разговорите во поглед на политиките за дигиталните иновации се водат на највисоко ниво. Со министерот во кабинетот, одлуките и разговорите кои се однесуваат на дигиталната економија се водат во самиот врв. Во однос на политиките, владата турка напред. Имаше многу измени во законите, во смисла на поттикнување на дигиталната економија. Секако, имаше и прашања за дигитализација на многу државни услуги. А тоа кулминираше со создавање на министерство одговорно за дигиталната економија“, објасни Брајан.
Тој исто така додаде дека се прават големи напори за да се постигне напредок на тие полиња.
„Најголемиот предизвик во изминатите години беа разговорите за дигиталната економија, кои често завршуваа уште на почетокот. Требаше да се најде начин тие да се насочат кон органите кои ги донесуваат одлуките, за да се случат вистинските разговори. Истовремено, во последните 3 до 5 години се случуваа и многу промени во политиката во нашиот парламент. Целта беше да се постави соодветна основа и да се осигура дека дигиталната економија е загарантирана и поддржана со националните закони.
Тој нагласи и дека е Кенија успеала драстично да ги зголеми обновливите извори на енергија користејќи хидро и соларна енергија, како и ветер.