Оваа година, Експанда донираше Винчини новогодишни пакетчиња за сите деца во детските градинки на територијата на општина Бутел, носејќи им насмевки, возбуда и топлина во празничните денови.
Донацијата се реализираше во периодот од 15 до 17 декември 2025 година во соработка со МакПрогрес – Винчини, со цел празничниот дух да стигне до секое дете. Малите гестови, велат од компанијата, понекогаш значат најмногу, особено кога станува збор за најмладите.
„Децата се темелот на секоја заедница. Вложувањето во нивната радост и благосостојба е вложување во иднината,“ изјави Магда Моловска, директорка на продажба во Експанда, потенцирајќи дека компанијата верува во општествена одговорност која се гради со континуирана грижа, а не само со деловни резултати.
Со оваа активност, Експанда уште еднаш ја потврдува својата долгорочна посветеност кон заедницата и вредностите кои создаваат доверба меѓу институциите, граѓаните и компанијата.
Експанда најавува дека и во иднина ќе продолжи да реализира иницијативи насочени кон поддршка на децата, образованието и локалната заедница – таму каде што грижата е најпотребна, а секоја насмевка вреди повеќе од сè.