Не е само „јади здраво“: Како од мали нозе да изградиме здрав однос со храната

Понекогаш изгледа како секој оброк да е мала битка: „Изеди уште три залчиња,“ „Не, не сакаам зеленчук.“

hrana-4832-fi

Извор: WebMind редакција

Но здравиот однос со храната не се гради со уцени и услови, туку со атмосфера, пример и заеднички моменти за трпезата. Истражувањата покажуваат дека децата кои почесто јадат заедно со семејството имаат поздрави навики, подобар внес на овошје и зеленчук и помал ризик од дебелина и нездрави обрасци во исхраната.

Затоа, ако сакаме нашите деца да растат без страв од храната, без чувство на вина и без „чинија што мора да се истера до крај“, потребно е да почнеме од наједноставното место – дома, во кујната.

Зошто заедничкиот оброк е повеќе од полна чинија

Семејните оброци се покажале како еден од најважните заштитни фактори за детското здравје: децата што почесто јадат со родителите имаат подобар квалитет на исхрана, поголем внес на овошје и зеленчук и пониска склоност кон ризично однесување и емоционални потешкотии.

Но тука не станува збор само за тоа што има во чинијата, туку како се јаде:

  • без карање и притисок,
  • со разговор и смеење,
  • со чувство дека трпезата е безбедно место, а не „испит по послушност“.

Така децата учат дека храната е пријател, не непријател.

Кога децата готват – се менува и односот со храната

Една од најмоќните (и најубави) работи што можеме да ги направиме е да ги вклучиме децата во готвењето. Студиите покажуваат дека кога децата помагаат во подготовка на оброци, имаат поголема желба да пробаат нова храна и подобар внес на овошје и зеленчук.

Тоа не мора да биде ништо комплицирано:

  • малите (2–4 години) можат да мијат зеленчук или да ги мешаат состојките,
  • децата од 5–8 години можат да мерат, да додаваат зачини, да редат состојки,
  • постарите деца веќе може да подготват дел од оброкот речиси сами, со ваша надзор.

Кога детето ќе стави рака на тенџерето, чинијата повеќе не е „задолжителен оброк“ тоа е нивно јадење. Гордоста што ја чувствуваат често е посилна од отпорот кон „зелено во чинија“.

Чорби, манџи и еден мал трик за зафатени родители

Во нашата култура, чорбите и манџите отсекогаш биле знак на дом, топлина и грижа.

Токму овие јадења се идеални и за градење здрав однос со храната:

  • се јадат полека, со лажица,
  • имаат место за многу зеленчук, мешунки и житарки,
  • создаваат чувство на ситост и сигурност, наместо „брза грицка и готово“.

Кога сакаме да ги вклучиме најмалите во подготовка може да поченеме со едноставен и добро познат рецепт, на пример, да подготвиме домашен гулаш со свеж зеленчук и месо, а како основа да користиме MAGGI Фикс за гулаш, или кога сме во трка со времето да направиме брз, шарен wrap со пилешко и зеленчук во рерна или AirFryer со помош на MAGGI AirFryer мексиканска тортиља.

На тој начин, мајките и татковците заштедуваат време, а детето гледа дека и „брзото“ јадење може да биде домашно, полно со боја, вкус и љубов.

Како да ги вклучиме децата согласно возраста

За да изградиме позитивен однос со храната, важно е да ги почитуваме нивните граници, но и да им дадеме улога:

Од 2 до 4 години:

  • нека мијат моркови, пиперки, тиквички,
  • нека фрлат парче морков или компир во тенџерето,
  • нека „посипаат“ магдонос или да додадат малку мешавина MAGGI Фикс што вие сте ја одбрале.

Од 5 до 8 години:

  • нека помагаат да се меша гулашот или манџата,
  • да редат парчиња зеленчук заедно со вас,
  • да изберат: „Денес правиме ли гулаш или врап фахита?“

Од 9+ години:

  • веќе можат да следат едноставен рецепт,
  • сами да наместат маса,
  • да преземат „дежурство“ за еден оброк неделно.

Ваквите „hands-on“ кулинарски искуства не само што го подобруваат квалитетот на исхраната, туку ја зголемуваат и самодовербата на децата во кујната и нивниот однос кон храната.

Помалку притисок, повеќе љубопитност

Експертите за детска исхрана препорачуваат да избегнуваме реченици како „Ако не изедеш, нема десерт“ или „Види како брат ти јаде, а ти не“. Наместо тоа, да создадеме опкружување каде:

  • храната се нуди, но не се форсира,
  • се пробуваат нови вкусови без драма,
  • се зборува за тоа како храната ни дава сила, енергија, здравје, а не за тежина и изглед.

Еден ден детето ќе каже „Не ми се јаде“, друг ден ќе побара уште една чинија. И тоа е во ред. Важно е да знае дека масата е место на сигурност, а не на притисок.

Со топли чорби, манџи и едноставни оброци што ги готвите заедно, со малку помош од практични решенија, му покажувате на вашето дете дека храната е радост, поддршка и дел од приказната за заедништво.

Затоа, следниот пат кога ќе сакате да кажете „Јади, здраво е“, можеби е доволно да кажете: „Ајде да го зготвиме ова заедно.“

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.