Компанијата Wonderful, која развива платформа за деловни AI-агенти, неодамна ја објави својата Серија А инвестиција во вредност од 100 милиони долари. Оваа инвестициска рунда ја предводи Index Ventures, со учество на фондовите IVP и Insight Partners, како и постојните инвеститори Bessemer и Vine Ventures.
Wonderful креира напредни AI-агенти наменети за директна комуникација со клиенти преку глас, чет и е-пошта, прилагодени на секој пазар и секој јазик. Новата рунда на финансирање која доаѓа само три месеци по почетната инвестиција од 34 милиони долари претставува силен доказ за успехот на пристапот на Wonderful кон широка примена на AI-агенти во компании што секојдневно комуницираат со своите потрошувачи.
„Потенцијалот на AI-агентите е очигледен, но нивната имплементација е огромен предизвик,“ изјави Бар Винклер, извршен директор и коосновач на Wonderful. „Тоа бара комбинација од врвна технологија и беспрекорна локална поддршка. Тој пристап го применивме во Адриа регионот, и токму затоа технологијата беше усвоена толку брзо.“
Основана на почетокот на 2025 година, Wonderful расте со неверојатно темпо, бидејќи успешно го решава најголемиот пазарен предизвик: како вештачката интелигенција да стане масовно применлива во секојдневното работење. Нивната предност е единствениот модел што ја комбинира моќната AI-платформа со силни локални тимови. Овој хибриден пристап овозможува решението целосно да се адаптира на комплексните услови во Адриа регионот – различни јазици, културни специфики и законски рамки.
„Предолго компаниите во нашиот регион беа принудени да избираат меѓу глобални решенија што не ги разбираат локалните специфики или локални решенија кои немаат капацитет за раст,“ вели Ведран Бајер, генерален директор за Адрија регионот во Wonderful. „Ние веруваме дека заслужуваат и двете. Нашата мисија е да им помогнеме на компаниите со AI – технологија што го зборува нивниот јазик, ја почитува нивната култура и ги засилува нивните предности.“
Интегрирани директно во системите на компаниите, AI-агентите на Wonderful веќе обработуваат десетици илјади комплексни интеракции дневно, од решавање жалби за сметки, до закажување термини, и во повеќе од 80% од случаите не е потребна човечка интервенција.
„Wonderful помина пат од идеја до глобална компанија за помалку од една година – што е извонредно според сите стандарди. Тие покажуваат дека компаниите не сакаат само AI-агенти, туку агенти кои функционираат на секој пазар и на секој јазик. Тоа е причината за нивниот брз продор,“ – изјави Хана Сил, партнер во Index Ventures,
„Wonderful веќе покажува што значи да се изгради одржлив глобален бизнис. Прифаќањето што го гледаме во различни индустрии докажува колку вредни може да бидат агенти кои ја ‘разбираат’ локалната култура. Ова е компанија со потенцијал да го промени начинот на кој бизнисите комуницираат со клиентите на глобално ниво,“ – додаде Џеф Хоринг, коосновач и извршен директор во Insight Partners.
Иако првично фокусирана на корисничка поддршка, платформата на Wonderful денес се применува и во области како:
- обука на вработени,
- поддршка за продажни тимови,
- усогласување со прописи,
- интерна IT-поддршка,
- onboarding на нови вработени.
Клучот е во нејзината флексибилност: таа може длабоко да се интегрира во постојните системи и лесно да се приспособи на локалните услови во секоја земја, овозможувајќи им на компаниите без напор да го прошират користењето на AI-агентите во нови деловни функции.
Извор: web-mind.rs