Понекогаш не ни треба нов кулинарски предизвик, туку само добар ручек што нема да направи хаос во кујната. Пастата затоа е секогаш сигурен избор, брзо се подготвува, лесно се приспособува на она што веќе го имате дома, а со неколку добри состојки може да изгледа како многу посериозен оброк отколку што навистина е.
храна
Повеќе
Сите барем еднаш сме се нашле во иста ситуација. Телефонот ѕвони, пријателите се во близина, семејството доаѓа на кафе или гостите неочекувано најавуваат дека ќе дојдат. Домот можеби не е совршено среден, но најголемата дилема обично е: што да послужите со кафето?
Есента ги враќа тенџерињата на шпоретот, а со нив и супите кои лесно можат да станат главен оброк. Тиква, батат, печурки, компири и леќа даваат доволно простор за кремасти, зачинети и позаситувачки комбинации кои особено ни годат штом температурите почнат да паѓаат.
Во Париз, градот во кој лебот со векови бил многу повеќе од храна, една сцена од 2022 година го обиколи светот: долги, златни багети подигнати во воздух како трофеј. Поводот беше внесувањето на багетот на листата на нематеријално културно наследство на UNESCO, признание не само за рецептот, туку и за цела култура на секојдневниот живот.
Можете ли да замислите сладолед да доживее нервен слом? Тој е целосно скршен. Јогуртот, некогаш неговиот совршен партнер, го остава за мекица крцкава, златна и неодоливо привлечна, со многу повеќе самодоверба.
Познатиот готвач Волфганг Пак повторно е задолжен за менито на Governors Ball, ексклузивната забава по доделувањето на Оскарите. За холивудската елита тој подготвува гозба со повеќе од 70 јадења, одбележувајќи ја својата 32-ра година на чело на кулинарската понуда на официјалната прослава. Менито е осмислено така што околу 1.500 гости можат да уживаат во вкусови од целиот свет.
All articles loaded
No more articles to load