Миљановиќ не крие дека бил изненаден не само од самата номинација, туку и од довербата што членовите на САМ му ја укажале со тоа што го изгласале за финалниот круг. Како што вели, оваа номинација има посебна тежина бидејќи доаѓа по години посветена работа, бројни пазарни предизвици и појава на голем број нови агенции.
„Искрено, изненаден сум и многу почестен и од номинацијата и од тоа што членовите на САМ со своите гласови ме избраа во финалето“, изјави д-р Борислав Миљановиќ. „Особено ми е драго што во финалето се најдов со извонредни луѓе и лидери кои искрено ги почитувам. За мене, и самата номинација и влегувањето во финале се доволна победа.“
Тој додава дека ова признание го доживува како потврда дека доследноста и понатаму се вреднува: дека начинот на кој го гради односот со вработените, клиентите и заедницата останува препознатлив, и покрај сите промени на пазарот.
„Ако во сè што правите го задржите својот единствен дух, ако верувате во луѓето и во вредноста на заедништвото, тогаш ваквите признанија доаѓаат како резултат на приказната што ја градиме заедно, а не само како личен успех,“ порачува Миљановиќ.
Извор: bizlife.rs