Спална кола – возот Париз–Берлин повторно тргнува: ноќниот воз се враќа со стил

Холандско-белгиската железничка компанија Јуропиен Слипер (European Sleeper) најави пуштање во сообраќај на ноќен воз три пати во неделата помеѓу Париз и Берлин со луксузни, модерни спални вагони, почнувајќи од 26 март 2026 година, за барем делумно да го надомести укинувањето на ноќните возови на француската SNCF и австриската ÖBB меѓу Париз и Берлин, и Париз и Виена од средината на декември.

voz-4844-fi

Извор: Freepik

Компанијата, основана во 2021 година, моментално управува со еден „Воз за добра ноќ“ помеѓу Брисел, Амстердам, Берлин, Дрезден и Прага трипати неделно.

Воз за добра ноќ

Превозникот, кој е во сопственост на заедница од повеќе од 6.000 сосопственици, ја започнува својата трета кампања за прибирање 2,3 милиони евра од поединци, компании и институции за финансирање на трошоците за набавка на возниот парк и надоместување на „можните почетни загуби во стартната фаза“.

Од 2021 година, компанијата преку 2 кампањи има собрано 5,5 милиони евра. Нејзината цел е да воспостави сообраќај на нова рута преку Брисел, со што би се удвоил бројот на релации Брисел–Берлин на шест возови неделно.

„Подготвени сме да соработуваме со ÖBB и SNCF Воајажер (Voyageurs) за да обезбедиме непречена транзиција меѓу нивните возови и новата услуга на Јуропиен Слипер на рутата Париз–Берлин“, се додава во соопштението.

Ноќните возови Берлин–Париз и Виена–Париз, со кои управуваат SNCF, Дојче Бан (Deutsche Bahn) и ÖBB, ќе престанат да сообраќаат бидејќи Владата на Франција ја намалила субвенцијата од 10 милиони евра, неопходна за нивна економска одржливост.

Мрежата на здруженија за климатска акција ја поздрави оваа „многу охрабрувачка“ најава за сите кои сакаат да патуваат на еколошки одржлив начин. Сепак, развојот на ноќните возови не може да се потпира исклучиво на приватни актери, колку и да се тие проактивни, наведуваат од мрежата, повикувајќи на продолжување со субвенции за оживување на линијата Париз–Виена и обезбедување продолжена работа на линијата Париз–Берлин.

Францускиот министер за транспорт Филип Табаро (Philippe Tabarot) ја пофали секоја ваква иницијатива која ја подобрува услугата без пари од даночните обврзници, без разлика кој ја управува.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.