Добредојдовте во иднината: Снимка од робот што трча низ улиците на Дубаи го запали интернетот

Видео на кое хуманоиден робот опуштено џогира по улица во Дубаи предизвика и смеа и неверување на социјалните мрежи.

robot-4856-fi

Извор: Freepik

Снимката првично ја сподели корисникот на Инстаграм, Назиш Кан, со опис: „Добредојдовте во иднината“, а потоа со невидена брзина се прошири, собирајќи огромен број прегледи и инспирирајќи безброј мимови и духовити коментари.

Снимено од автомобил, видеото прикажува робот како ја преминува улицата во близина на Emirates Tower, додека зад него чекори маж, веројатно оператор, кој во рака држи контролер.

И додека самата сцена изгледа речиси надреално, вистинската магија беше во коментарите.

Еден корисник напиша: „Не е далеку денот кога ќе прекршиш правило, а робот ќе те шлакне сред улица.“
Друг додаде: „Сигурно добил казна, чим не поминува на пешачки.“

Технолошката компанија Nvidia, која стои зад овие напредни машини, ги опишува како „вишенаменски двоножни роботи моделирани по човековата форма“.

Наменети да работат рамо до рамо со луѓето, овие роботи можат да извршуваат различни задачи од подигање и распакување, до пренесување предмети, што ги прави потенцијално револуционерен додаток на современото работно место.

Извор: web-mind.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.