Вкусот на домашно јадење, без часови во кујна

Во денешното динамично секојдневие додека на сите нам слободното време ни е бесценето, вистинско задоволство претставува кога можеме да уживаме во вкусот на дома зготевната храна и притоа да не поминеме многу часови во кујната подготвувајќи ги. Со правилен избор на состојки и едноставни техники, можеме да создадеме јадења кои ќе го разгалат непцето и ќе ни донесат задоволство, без стрес и губење време.

kujna-4851-fi

Извор: WebMind редакција

Како што налага нашата традиција, а и советот од секој нутриционист, супата секогаш е драгоцен и здрав дел од главиот оброк секој ден. Во овој период од годината, кога на доматите „не им е време“, не значи дека треба да се лишуваме од тој единствен вкус кој на многумина им е единствен. Затоа, можете многу бргу да припремите крем супа од домати, налик на италијанската единствена „папа ал помодоро“.

  1. Крем супа од домат и босилек

(Време на подготовка: 8 мин.)

kujna-4851-ps1

Крем супитеMaggi се готови за сервирање за помалку од 10 минути. Во 3/4 млака вода ставете ја содржината од кесичката на Maggi крем супата од домати и босилек и мешајте додека не зоврие. Дополнително, во чинијата со супа можете да ставите кубети, или, по примерот на Французите – да  изрендате кашкавал одозгора и да го почувствувате стопен со секој залак.

2. Цезар салата

(Време на подготовка: 15 мин.)

kujna-4851-ps2


Состојки:

  • зелена салата
    • пилешки стек
    • запечен леб или кубети
    • шери домати
    • пармезан
    • дресинг
    • Сос Maggi Würze (по желба)

Пилешкиот стек се зачинува и се пропржува во тавче со масло за готвење. Пржете додека месото не добие румена боја па исечкајте го на ленти. Во истото тавче пропржете го лебот кој е претходно исечен на коцкички. Пржете го со малку масло додека не добие румена боја и кора.

Зелената или ајсберг салата измијте ја и ситно исецкајте ја. Ставете ја во сад за сервирање во кој ќе го додадете пилешкото месо, лебот, шери доматите пресечени на половинки, како и тенко исечените парчиња пармезан.

Одозгора прелијте со дресинг сос кој ќе го подготвите од следниве состојки: мајонез, сенф, сок од 1 лимон, маслиново масло и 1 чешне иситнет или истолчен лук.

За дополнително збогатен вкус можете да додадете и од Maggi Würze течниот сос, кој се препорачува како додаток за месо и зеленчук.

3. Традиционален ручек – Пире со ќофтиња

(Време на подготовка: 45 мин.

kujna-4851-ps3

Кога се оди на ручек во недела кај баба и дедо, пире со ќофтиња е најпосакуваниот оброк на децата. Традиционално кај нас, едно од најчестите домашни јадења:

Состојки:

  • 500 g компири
  • 50 g путер
  • 100 ml млеко
  • 400 g мелено месо
  • 1 јајце, сол, бибер, малку лебни трошки

Сварете ги компирите, изгмечете ги со путер и млеко, малку сос и добивате хомофена смеса наречена пире.  Измешајте го месото со јајце, сол, бибер, обликувајте ги ќофтињата и испржете ги. Се сервираат со пире и сос по желба.

4. Шпагети карбонара

(Време на подготовка: 15 мин.)

kujna-4851-ps4

Состојки:

  • 250 g шпагети
  • 100 g панцета или сланина
  • Maggi мешавина за шпагети
  • 300 g млеко
  • Сол, бибер

Начин на подготовка:

Сварете ги шпагетите. А сланината или панцетата пропжете ја и тргнете од оган. Содржината од кесичката Maggi мешавина за шпагети промешајте ја со 300мл млеко и 100мл вода, прелијте ја врз сланината/панцетата и промешајте. Гответе 4 минути и повремено мешајте. Послужете со претходно сварените шпагети.

5. Рижото со печурки

(Време на подготовка: 30 мин.)

kujna-4851-ps5

Состојки:

  • 200 g ориз за рижото (арборио)
  • 150 g печурки
  • 1 кромид
  • 50 g пармезан
  • 1 л зеленчукова супа од Maggi зеленчуков бујон
  • Маслиново масло, путер

Начин на подготовка:

Запржете го кромидот со малку бибер и печурките. Додајте го оризот и мешајте 1-2 минути. Постепено додавајте супата подготвена со Maggi зеленчуков бујон, додека оризот омекне (20 мин). На крај додадете малку путер и пармезан по желба.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.