Четиридневна работна недела како мерка против падот на наталитетот

Градската управа на Токио донесе одлука за воведување четиридневна работна недела за сите службеници, со цел да им помогне на мајките вработени во подигањето на своите деца и да ја зголеми исклучително ниската стапка на наталитет.

rabotna-nedela-2682-fi

Извор: Pexels

Токиските власти истакнуваат дека новата мерка, која ќе започне во март следната година, ќе им обезбеди на вработените три слободни дена неделно. Дополнително, најавена е друга мерка која ќе им овозможи на родителите на деца од прво до трето одделение во основно училиште да заменат дел од својата плата за можност за порано завршување на работното време, пишува CNN.

„Ќе ги проучиме различните начини на работа, обезбедувајќи никој да не мора да се откаже од својата кариера поради животни околности, како што се раѓањето или воспитувањето на деца,“ изјави гувернерката на Токио, Јурико Коике.

„Сега е моментот Токио да преземе иницијатива во заштитата и унапредувањето на животот, опстанокот и економијата на нашиот народ во овие предизвикувачки времиња за земјата,“ додаде таа.

Стапката на наталитет во Јапонија, која со години бележи драматичен пад, достигна нов рекорден минимум во јуни, и покрај напорите на владата да ги поттикне младите на брак и создавање семејство.

Политика „Сега или никогаш“

Минатата година се регистрирани само 727.277 раѓања, а стапката на наталитет (број на деца што една жена ги раѓа во текот на животот) падна на нов минимум од 1.2, според јапонското Министерство за здравство, труд и социјална заштита. За стабилност на населението потребна е стапка на фертилитет од 2.1.

rabotna-nedela-2682-ps1

Извор: Freepik

Јапонската влада спроведува низа „сега или никогаш“ политики за да го пормени демографскиот тренд, вклучувајќи поттикнување на мажите да користат породилно отсуство, додека и други локални власти воведоа мерки за подобрување на работните услови.

Многу социолози го поврзуваат постојаниот пад на наталитетот со немилосрдната работна култура во Јапонија, како и со зголемените трошоци за живот. Долгите работни часови отсекогаш биле проблем за јапонските корпорации, каде што работниците често страдаат од здравствени проблеми, а во екстремни случаи се соочуваат и со „кароши“ – смрт од преголема работа.

Како и во многу други земји, жените често се под притисок да избираат помеѓу кариерата и семејството, но уникатната култура на прекувремена работа во Јапонија го прави раѓањето и одгледувањето деца посебно предизвикувачко.

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.