TikTok бара одложување на примената на законот за забрана во САД

TikTok побара од Федералниот апелационен суд, до одлуката на Врховниот суд на САД, да ја одложи примената на законот со кој оваа социјална мрежа би можела да биде забранета во Америка, доколку не го исполни барањето на владата и Конгресот – да ги прекине сите врски со својот кинески основач, компанијата ByteDance.

zabrana-2681-fi

Извор: Freepik

TikTok и ByteDance минатата година го изгубија спорот пред тричлениот совет на Федералниот апелационен суд, коj ја одби нивната жалба со која бараа законот, усвоен оваа година, да не биде применет бидејќи е спротивен на Првиот амандман на Уставот на САД.

Судот утврди дека Уставот не е нарушен, што би можело уште во јануари да доведе до забрана на TikTok на територијата на САД, доколку оваа социјална мрежа не се оддели од ByteDance, за која американската влада се сомнева дека би можела да ги предаде податоците на американските корисници на кинеските власти под нивен притисок.

TikTok и ByteDance тврдат дека без поништување на законот, на 19 јануари сигурно ќе дојде до прекин на работата на оваа популарна мрежа во САД, која таму има повеќе од 170 милиони корисници. Тие сметаат дека Врховниот суд на САД како последна инстанца треба прво да го разгледа случајот, соопштија денес нивните адвокати.

Не е познато дали Врховниот суд ќе прифати да се занимава со случајот.

Барањето за одложување на примената на законот, адвокатите на TikTok и ByteDance го правдаат со политичката реалност и бараат „умерено одложување“ кое би ѝ дало време на „новата американска администрација да ја утврди својата позиција“.

Иако во првиот мандат сакаше забрана на TikTok, новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп сега покажува желба да ја спаси мрежата. Законот кој би можел да го забрани TikTok подеднакво го поддржаа владејачките демократи и републиканците на Трамп.

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.