Ова се насловите што го преплавија кинеските медиуми кога Deepal го претстави својот нов средно голем SUV модел, со цена од околу 22.000 евра на домашниот пазар.
Возилото наскоро ќе пристигне во Европа. Во регионов цената ќе биде повисока – се претпоставува околу 58.000 евра, иако ова не е официјално потврдено – но и со таа цена ќе биде конкурентно во својот сегмент.
Deepal е подружница на компанијата „Changan Automobile“, а моделот Deepal S07 е развиен во соработка со компанијата Huawei.
Зошто ова е важно? Deepal S07 е прогласен за најсигурно возило на тестовите на EuroNCAP во 2024 година. Во текот на 2024 година беа тестирани вкупно 41 автомобили. Од сите нив, Deepal S07 обезбеди најдобра заштита за возачот и возрасните патници, освојувајќи 95% од поените во оваа категорија.
За заштита на деца-патници освои 87% од поените. Во категоријата заштита на возрасни, второ место делат Volkswagen Passat, Škoda Superb и уште еден кинески модел – NIO EL6, сите со по 93% од поените.
На трето место се наоѓа Mercedes-Benz E-класа со 92% од поените, делeјќи ја позицијата со кинескиот Maxus MIFA 7 и јапонскиот Mazda CX-80. Кога станува збор за заштита на деца во возилото, Volkswagen Passat и Škoda Superb имаат по 87% од поените, како и Maxus MIFA 7. NIO EL6 освои 85%, додека Mercedes-Benz E-класа води со 90%. Mazda CX-80 нуди заштита на деца со 88% од поените.
Понатаму, по ниво на безбедност следуваат Audi Q6 e-tron, кинескиот Maxus eTerron 9 и Zeekr X, сите со по 91% од поените за заштита на возрасни патници. Зад нив се Porsche Macan и MG HS со 90% од поените. Помалку од тоа добиле кинеските модели Leapmotor C10 и Zeekr 001, како и европските модели Cupra Tavascan, Ford Capri, Ford Explorer и Škoda Kodiaq, сите со по 89%. Следуваат модели со по 88% од поените: Volvo EX30 и XPENG G6 (обата кинески), додека германскиот Audi A5 има 87%, а јапонските модели Honda CR-V и Toyota C-HR по 85%. Под оваа граница, но над 80% од поените, се наоѓаат Hyundai Santa Fe, Lexus LBX, Mini Countryman, Subaru Forester, Subaru Crosstrek, Subaru Impreza и Volkswagen Tiguan.
Сите наведени модели – освен Honda CR-V и Hyundai Santa Fe со стандардна опрема – освоија максимални пет ѕвезди за безбедност. Honda CR-V и Santa Fe ја добија петтата ѕвезда само со додатен безбедносен пакет. Моделите со точно 80% од поените за заштита на возрасни, како Alpine A29 и Renault 5, освоија по четири ѕвезди.
Истото важи и за Mitsubishi ASX, Renault Captur, MG ZS Hybrid и Renault Symbioz. Иако Jeep Avenger има 79% од поените за заштита на возрасни патници, поради послабата безбедносна опрема и лошата заштита на пешаците доби само три ѕвезди.
Три ѕвезди имаат и Dacia Duster (70%), Suzuki Swift (67%) и Ford Tourneo Custom со стандардна опрема (со дополнителна опрема достигнува четири ѕвезди).
Меѓу кинеските модели, ниту еден не добил помалку од 75%, а и тие 75% ги има MG ZS Hybrid, кој ретко кој го доживува како кинески модел. Кинеските автомобили, кои се уште се егзотика на нашиот пазар, постигнуваат извонредни резултати со 88% и повеќе поени на европските тестови за безбедност.
Извор: Bizlife.rs