AI Tech Summit „Filip Avramchev“ 2026: Два дена посветени на иднината и реалната примена на AI

Вештачката интелигенција одамна не е тема резервирана само за иднината. Таа веќе го менува начинот на кој компаниите работат, технологиите што ги користиме и секојдневието околу нас. Токму нејзината реална и практична примена ќе биде во фокусот на AI Tech Summit „Filip Avramchev“ Skopje 2026, кој ќе се одржи на 22 и 23 септември во Националната опера и балет во Скопје.

ai-tech-summit-6280-fi

Извор: AI Tech Summit „Filip Avramchev“

Со пораката „Built on a vision. Continued by a community.“, Самитот ја продолжува визијата на Филип Аврамчев и приказната за градење посилна регионална AI заедница. Оваа година посетителите ги очекува уште побогата програма, со фокус на актуелните AI теми, практични искуства и технологии што ќе можат да се видат и тестираат на лице место.

Целосно AI искуство

AI Tech Summit е замислен како целосно AI искуство што ги спојува меѓународните говорници и големите разговори за иднината со практичната страна на технологијата.

Под мотото „Human x AI – Каде што иновацијата се сретнува со човечкиот потенцијал“, овогодинешниот Самит ќе се фокусира на тоа како AI ги трансформира индустриите и работните процеси, но и како луѓето и компаниите можат да ја применат паметно, практично и одговорно.

Во текот на двата дена ќе се отворат теми како AI агенти, AI инфраструктура, физички AI системи, роботика, автономни возила, AI во бизнисот и податоците, како и иднината на односот меѓу човекот и технологијата. Се очекуваат до 20 меѓународни говорници, заедно со локални експерти, панелисти и презентери.

Покрај сценската програма, посетителите ќе можат да го доживеат AI и од практична перспектива преку AI Labs, Expo, Hackathon, product demos, smart gadgets и роботи.

ai-tech-summit-6280-ps1

Извор: AI Tech Summit „Filip Avramchev“

Место за идеи, знаење и нови поврзувања

AI Tech Summit „Filip Avramchev“ ќе ги собере на едно место бизнис лидерите, претприемачите и компаниите со AI инженери, програмери, стартапи, студенти и млади таленти. Токму спојувањето на луѓето што ги носат деловните одлуки со оние што ги градат AI решенијата на следната генерација е една од клучните идеи на настанот.

Во рамки на Hackathon-от, студентски тимови ќе имаат можност да работат на реални AI предизвици со поддршка од ментори, компании и партнерски технологии, претворајќи ги идеите во конкретни решенија.

На 22 и 23 септември, Скопје повторно ќе биде место каде што ќе се сретнат глобалните AI теми, регионалниот талент, бизнисот и технологијата, со една заедничка цел: вештачката интелигенција да се доближи до нејзината реална примена.

ai-tech-summit-6280-ps2

Извор: AI Tech Summit „Filip Avramchev“

Со големо задоволство најавуваме дека webmind.mk е медиумски партнер на AI Tech Summit „Filip Avramchev“ Skopje 2026. Во периодот што следува ќе ги пренесуваме најважните новости за говорниците, темите и технологиите што ќе ја одбележат овогодинешната програма.

За повеќе информации за програмата, говорниците и можностите за учество, следете ги официјалните канали на AI Tech Summit “Filip Avramchev” и посетете ја www.techsummit.ai.

TEST POST 54

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.