Иако сите генерации се соочуваат со надворешни стресори како што се економската неизвесност и геополитички тензии, миленијалците (родени помеѓу 1981 и 1996 година) се соочуваат и со специфични предизвици. Оваа генерација се обидува да најде рамнотежа помеѓу професионалните обврски и семејниот живот, честопати без соодветна системска поддршка.
„Едно од можните објаснувања за повисокото ниво на burnout кај миленијалците се уникатните притисоци и очекувања поврзани со кариерата“, се наведува во извештајот. Овие предизвици вклучуваат многу поинтензивна работна средина од онаа на претходните генерации, обележана со постојана поврзаност, високи очекувања за резултати и исклучително конкурентен пазар на труд.
Сендвич генерација
Сѐ повеќе миленијалци денес припаѓаат на таканаречената „сендвич генерација“ – возрасни лица кои истовремено се грижат и за своите деца и за своите стари родители. Според извештајот на Principal Financial, повеќе од 60% од вработените што имаат вакви двојни обврски изразуваат загриженост поради прегореност.
„Менталниот товар кој го носи грижата за другите се прелева и на работното место, не останува зад четири ѕида од домот, особено во денешниот меѓусобно поврзан свет“, изјави за магазинот Fortune, Вес Берк, главен директор за човечки ресурси во компанијата Care.com за магазинот Fortune. „Тоа влијае на присуството на работа, продуктивноста и целокупниот квалитет на живот на вработените, а има и сериозни последици за работодавачите.“
Поради сѐ поголемите барања кон оваа генерација негуватели, други истражувања покажуваат дека е во интерес на работодавачите да обезбедат ресурси и бенефиции кои ќе им помогнат на миленијалците да успеат. За да се намали прегореноста, извештајот на Aflac препорачува работодавците да воведат пофлексибилни работни услови, вклучително и хибридни модели и повеќе денови платен одмор (PTO). Исто така, се предлага и имплементација на сеопфатни здравствени и програми за благосостојба, вклучително и компанииски спонзорирани програми за самогрижа, кои би можеле да помогнат на оние што тешко наоѓаат време за себе, пишува магазинот Fortune.
„Борбата против burnout е клучна за миленијалците и другите генерации да можат да напредуваат“, се заклучува во извештајот. „Луѓето што доживуваат високo ниво на burnout имаат далеку поголеми шанси да страдаат од сериозни ментални состојби како анксиозност, депресија и посттрауматски стрес што ги прави влоговите исклучително високи.“
Извор: bizlife.rs