Кризата во кариерата меѓу миленијалците е реална. Сè почесто се зборува за овој феномен што многумина го препознаваат во сопствениот живот. За чувството на професионално незадоволство, замор и длабоко преиспитување на кариерата. Генерацијата која порасна со ветувањето дека трудот, образованието и дисциплината на крајот ќе се исплатат, денес се соочува со егзистенцијално прашање: Ако направивме сè „како што треба“, зошто се чини дека резултатот изостанува?
миленијалци
Повеќе
Миленијалците често не сакаат да се откажат од предметите што ги потсетуваат на детството. Иако знаат дека животот продолжува и дека возрасните обврски мора да се прифатат, овие предмети се повеќе од спомени тие се вратичка кон среќните, безгрижни мигови, особено кога стресот од секојдневието станува премногу.
Burnout не познава години и работни позиции – ја чувствуваат сите, од почетници до среден менаџмент, па сè до највисоките управни позиции. Но, една генерација особено ги чувствува последиците од хроничниот стрес. Според неодамнешен извештај на компанијата Aflac, околу 66% од миленијалците пријавуваат умерено до високо ниво на burnout на работното место . Веднаш зад нив се генерацијата X со 60%, а потоа следува генерацијата Z со 56%. Најмал процент на burnout пријавуваат бејби-бумерите, само 39%.
Миленијалците, родени помеѓу 1981 и 1996 година, имаат повеќе дипломи од која било претходна генерација во историјата. Околу 40% од нив завршиле најмалку основни студии. Но, и покрај академските успеси, многумина се соочуваат со сурова економска реалност – значително заостануваат зад претходните генерации кога станува збор за стекнување богатство и финансиска сигурност.
Младите сé повеќе се фалат со луксузот во кој уживаат, како што се патувањата и дизајнерската облека наместо да штедат, следејќи го трендот кој на социјалните мрежи се опишува како „очајничко трошење“.
All articles loaded
No more articles to load