Флин аплицирал како и секој друг кандидат – со уметничко портфолио, интервју лице в лице , и успешно поминат тест за соодветност. Од професорите бил оценет како креативен, елоквентен и… доволно “жив” за да биде примен.
Но што значи тоа на дело?
Флин редовно присуствува на часови, добија критики од професори, и пишува дневници за секој свој ден во кои знае и да изрази тажност кога ќе му биде оспорена легитимноста. Тоа не е само технички експеримент, туку социо-културна провокација – дали машината има право на образование? На инспирација? На глас?
Флин е создаден со помош на отворени алатки и големи јазични модели, кои му овозможуваат да учи преку интеракција, дискусија и набљудување. За да не ја нарушува динамиката на часовите, Флин зборува само кога е директно прашан, скромен „студент“ со тивко присуство, но со глас што одекнува далеку.
Концептот зад Флин не е случаен – туку внимателно осмислен уметничко-истражувачки проект.
Целта е да се истражи како вештачката интелигенција може да се вклучи во образовниот процес не како алатка, туку како активен учесник. Истовремено, проектот отвора дебата за авторство, емоција и иднината на уметничкиот израз во добата на алгоритмите.
Раководителот на програмата за дигитална уметност изјави:
„Никој не рече дека студент мора да биде човек. Флин направи одлично интервју, па си рековме – зошто да не?“
Овој чекор отвора повеќе прашања отколку што дава одговори:
- Дали AI може да биде автор?
- Дали може да почувствува инспирација или само ја имитира?
- Кој е иднината на креативноста кога алгоритмите стануваат наши колеги на факултет?
Дали Флин е новиот Пикасо на дигиталната ера – или само огледало во кое се гледаме самите себе?
Во секој случај, историјата веќе е напишана – од вештачка рака.
Извор: Webmind.mk