Иако Шпанија традиционално доминира на листите, Аликанте оваа година ги остави зад себе дури и Малага, Будимпешта и Даблин.
Зошто сите сакаат во Аликанте?
Причината за волкавата популарност лежи во три клучни фактори: пристапноста, сончевото време и одличната поврзаност. Аликанте не е само магнет за туристите, туку и за дигиталните номади кои бараат спој на модерен начин на живот на плажа и историски шарм.
Еве што нуди овој град за оние кои ќе одлучат да го посетат:
- Историски микс: Градот е вистински мозаик од маварско, медитеранско и христијанско наследство. Шетањето низ стариот град El Barrio Santa Cruz, со многу цвеќиња и традиционални плочки, е задолжителна станица.
- Поглед од висина: Средновековниот замок Santa Bárbara нуди еден од најубавите погледи на Медитеранот.
- Гастро уживање: Тука не се оди само на тапас. Локалниот специјалитет arroz a banda (ориз во рибја чорба) е нешто што секој гурман мора да го проба на централниот пазар.
- Плажи и острови: Покрај градската плажа Postiguet, хит се излетите со брод до островот Табарка, познат по кристално чистата вода идеална за нуркање.
Кој друг е на врвот?
Покрај Аликанте, во првите десет според растот на интересот се наоѓаат и Playa de Palma, Малага и Сиџес, додека како нови „ѕвезди во подем“ се издвојуваат Ксамил во Албанија и Краков во Полска.
Извор: bizlife.rs