ЕУ започнува со спроведување на законот за вештачка интелигенција – првиот сет ограничувања стапува на сила

Европската унија на почетокот на месецов официјално започна со спроведување на својот историски Закон за вештачка интелигенција, поставувајќи основа за строги ограничувања и потенцијални големи казни за прекршителите.

zakon-za-vi-2938-fi

Извор: Freepik

Законот за ВИ на ЕУ, првата регулаторна рамка од ваков вид, формално стапи на сила во август 2024 година.

Што предвидува Законот за ВИ?

Законот за вештачка интелигенција (AI Act) е првата сеопфатна правна рамка за регулирање на вештачката интелигенција во светот, со цел да се поттикне доверлива и безбедна употреба на ВИ во Европа. Законот воведува ризично-базирана класификација на ВИ системите, поделувајќи ги во четири категории според нивото на ризик:

Неприфатлив ризик: ВИ системи кои претставуваат јасна закана за безбедноста, животот или правата на луѓето се забранети.

Висок ризик: ВИ системи кои можат да претставуваат сериозни ризици по здравјето, безбедноста или основните права на луѓето. Овие системи подлежат на строги обврски пред да бидат пуштени на пазарот

Ограничен ризик: ВИ системи кои подлежат на специфични обврски за транспарентност. На пример, кога корисниците комуницираат со чат-ботови, тие треба да бидат информирани дека комуницираат со ВИ систем.

Минимален или никаков ризик: ВИ системи кои претставуваат мал или никаков ризик за правата или безбедноста на луѓето. За овие системи не се предвидени дополнителни обврски и нивната употреба е дозволена без посебни ограничувања.

Компаниите што ќе ги прекршат овие забрани можат да се соочат со казни до 35 милиони евра или 7% од нивните годишни приходи на глобално ниво – кој износ е поголем. Ова е повисоко од казните предвидени со GDPR, европскиот закон за дигитална приватност, кој предвидува казни до 20 милиони евра или 4% од годишниот приход.

„Доколку одредена компанија одлучи дека во својот процес на работа ќе употребува ВИ, ВИ треба да се употребува внимателно. Фактот што ВИ може многу да ги поедностави одредени процеси, асоцира на тоа дека исто толку едноставна ВИ може да биде и злупотребена. Правните последици од таквите потенцијални злоупотреби на ВИ може да бидат далекусежни и тие се не само од чисто регулаторен карактер, туку пред се од етички и социјален. Токму од овие причини и Законот за вештачка интелигенција на ЕУ и компаративните прописи кои постојат во светски рамки, многу повеќе ги адресираат т.н. „(не)правни“ предизвици од употребата на ВИ и ја истакнуваат потребата од правилно користење на истата. Тоа всушност значи дека за да се избегнат потенцијални правни последици од злоупотребата на ВИ,  ВИ треба да биде третирана  како алатка која овозможува полесно да се извршуваат работните задачи, а не како средство кое ќе ја заврши целата работа без било каков човечки придонес,“ објаснува д-р Ана Пепељугоска, адвокат во адвокатското друштво Пепељугоски.

zakon-za-vi-2938-ps1

Извор: Приватна архива на Ана Пепељугоска

Како Македонија ја регулира вештачката интелигенција?

Законот за ВИ на ЕУ сè уште не е целосно во сила – ова е само првиот чекор во процесот што следува. Имајќи предвид дека македонското законодавство треба да биде хармонизирано со Европското ја прашавме д-р Ана Пепељугоска, дали постои регулаторна рамка што би можела да го следи примерот на ЕУ или се очекуваат идни правни иницијативи на оваа тема.

Во моментов кај нас нема регулаторна рамка која би можела да го следи примерот на ЕУ во поглед на ВИ. Она на што ние сме сега фокусирани е процесот на дигитализација и зајакнување на сајбер безбедноста, прашања кои во светски рамки се одамна апсолвирани, а кои само континуирано се надградуваат. Во соседството има одредени стратегии по однос на прашањата поврзани со ВИ, кои би можеле да бидат добра појдовна основа и за нас. Сметам дека ние што поскоро би требале да поработиме на донесување на стратегија во поглед на ВИ, која понатаму би послужила како насока и водич и за институциите и за компаниите. Но, морам да напоменам дека секоја инцијатива за регулирање на ВИ мора да биде придружена со адаптирање и на постоечката законска регулатива од други области кои се поврзани со ВИ како на пример интелектуалната сопственост, заштитата на личните податоци, правото на конкуренција и заштитата од нелојалната конкуренција, облигационото право, правото на потрошувачите, сопственичкото право и сл.“

Во декември, Канцеларијата за ВИ на ЕУ, новоформирано тело за регулација на оваа технологија, објави втор нацрт на Кодекс на практики за општи ВИ модели (GPAI), како што се моделите GPT на OpenAI. Овој нацрт предвидува ослободување од обврски за одредени модели со отворен код, но бара развивачите на „системски“ GPAI модели да спроведуваат детални проценки на ризици.

Поставување глобален стандард и предизвици

Какви се потенцијалните правни предизвици за македонските компании што развиваат или користат ВИ, доколку сакаат да работат на европскиот пазар имајќи го предвид фактот што некои технолошки лидери и инвеститори не се задоволни од рестриктивните аспекти на Законот за ВИ и стравуваат дека тој може да ја задуши иновацијата.

Усогласеноста на сопственото работење со прописите од областа на ВИ е секако еден од предизвиците со кои ќе се соочат нашите компании доколку сакаат да работат на европскиот пазар. Тука не зборувам само за Законот за вештачката интелигенција, туку и за сите прописи кои го регулираат дигиталното опкружување и секако интелектуалната сопственост. Сведоци сме дека во рамките на барањата за усогласеност, европските компании веќе бараат да се декларира употребата на вештачката интелигенција, за кои цели, кои модели се користат и слично. Оттука сметам дека и македонските компании ќе мора да се прилагодат за да можат своите производи и/или услуги ефективно да ги пласираат на европските пазари,“ додава Пепељугоска.

Страстен вљубеник во литературата и уметноста. Правник по диплома, новинар и маркетер по убедување, креатор на содржина и ПР ентузијаст од 9 до 5.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.