Теодора Радончиќ

Теодора Радончиќ

Тајната валута на брендовите Постои еден момент, толку тивок што лесно може да помине незабележан. Одите по улица, умот ви е зафатен со сопствени мисли, и одеднаш – мирис. Не толку силен, колку присутен. Топол, сладок, можеби малку зачинет. Во тој миг, вие не сте веќе на улица. Сте се преселиле во некое друго време – лето од детството, кујната на баба, мирно утро со отворен прозорец и свежо кафе.
Приказната за брендот Дајнерс, започната со анегдота за заборавен паричник пред 85 години на светско ниво и пред 30 години во Македонија, продолжува да се развива, приспособувајќи се на современите предизвици. Во 32-та епизода на NewBiz подкастот Тони Јанковски, директор за иновации открива што значи да се биде дел од клуб кој интензивно се грижи за своите членови и како се иновира во бренд со толку длабока традиција.
Во време на дигитална револуција и економски турбуленции, успехот не доаѓа случајно. Тој бара визија, стратегија и дисциплина. По повод претстојната конференција The Economist MeetUp: Светот во 2026, која ќе се одржи во декември оваа година, разговаравме со Саша Поповиќ, генерален директор на Vega IT за тоа како регионот може да ја искористи дигиталната ера, како Vega IT останува стабилна во услови на криза и што е клучот за градење бизнис што расте и опстојува на долг рок.
Во школо нè учеа како да ги најдеме корените на квадратна равенка, ама не и како да го најдеме коренот на нашиот финансиски хаос. Никој не ни објасни што точно е провизија, зошто има разлика помеѓу годишна и месечна камата, или зошто картичката ти изгледа кул додека не ти стигне изводот.
Новиот фетиш на брендовите: Машина што не продава, туку те тера да ја снимаш 17 пати
Кога една идеја, три дена и добра енергија се спојуваат, се раѓа нешто многу повеќе од само прототип – се раѓа претприемачки дух. Даниел Тошески дојде на Startup Weekend Ohrid со цел да се вмрежи, да ги надгради своите вештини и да го тестира својот предлог за агрегатор на цени за компјутерска опрема. Но си замина со многу повеќе: нова перспектива, тимска сила, инспирација и цврста волја да ја развива својата идеја понатаму. И не само тоа – неговиот тим го освои второто место, што е уште една потврда дека е на вистинскиот пат.
All articles loaded
No more articles to load