Започнува дeјтинг на Viber

Одлични вести пристигнуваат од Rakuten Viber. Супер-апликацијата, позната по создавање на смислени и сигурни врски на својата безбедна платформа, ја претставува Viber Dating – нова функција во рамките на апликацијата што ќе им овозможи на корисниците да запознаваат вистински луѓе и да градат квалитетни односи.

dating-2944-fi

Illustration: Lenka T.

Viber Dating претставува пионерски потфат помеѓу апликациите за размена на пораки. Оваа нова функција им нуди на корисниците иновативно и интуитивно решение за запознавање и поврзување во безбедно дигитално опкружување.

Една од најголемите грижи на корисниците на онлајн дeјтинг сервисите е автентичноста на профилите – дали навистина комуницираат со вистински луѓе или се изложени на измами? Според истражувањето на Pew Research Center, само 48% од возрасните во САД сметаат дека онлајн дeјтингот е безбеден начин за запознавање, додека 52% од корисниците пријавиле сомнителни контакти.

Со Viber Dating, корисниците конечно можат со поголема сигурност да тргнат во потрага по својата сродна душа, бидејќи заштитата на приватноста се еден од темелите на мисијата на Viber. Посветеноста на безбедноста се рефлектира преку следниве мерки:

  • Верификација на профилите – Само верифицирани Viber корисници можат да креираат профили. Секој корисник на Viber Dating е вистинска личност чиј телефонски број е регистриран на Viber платформата.
  • Заштита на телефонскиот број – Вашиот број останува целосно скриен, спречувајќи какво било несакано споделување на лични податоци.
  • Напредна контрола на комуникацијата – Комбинацијата од човечка модерација и ВИ технологија обезбедува позитивно корисничко искуство.
  • Одвоени преписки – Дeјтинг профилот е целосно одделен од главниот Viber налог, што гарантира приватност во однос на останатите контакти.

Како синоним за безбедна комуникација повеќе од една деценија, Viber веќе долго време е доверлив канал за разговори на нови парови во подоцнежните фази на запознавање. Сега ја олеснува и првата фаза – им овозможува на луѓето да пронајдат компатибилен партнер според бројни критериуми. За разлика од другите дeјтинг апликации, корисниците на Viber Dating можат лесно да ја префрлат комуникацијата на главната Viber апликација и да продолжат да го градат односот во безбедно опкружување, со end-to-end енкрипција и без чување на пораките на Viber серверите.

Приватноста на прво место

Viber знае колку е важно за корисниците нивните дeјтинг активности да останат приватни. Затоа, дeјтинг профилот е целосно одделен од примарниот налог и е видлив само за другите корисници на Viber Dating. Вашите постоечки контакти во Viber апликацијата немаат пристап до вашите дeјтинг активности, ниту можат да ги видат преписките од овој сегмент.

Viber Dating е развиен по низа фокус групи со корисници, кои покажале дека луѓето сакаат искрени врски со вистински личности и квалитетен дејтинг, но истовремено се загрижени за заштитата на нивната приватност и контролата над сопствениот идентитет додека не почувствуваат доверба да го откријат.

Мисијата на Viber како супер-апликација е да создава безбедни и сигурни врски, а оваа мисија сега се проширува и во светот на запознавањето, овозможувајќи им на корисниците потребна заштита.

Како да започнете?

Првиот чекор кон пронаоѓање љубов е креирање профил со вашите дeјтинг преференции – и тоа целосно бесплатно. Додајте фотографии и споделете краток опис, вклучувајќи хобија и интереси. По креирањето на профилот, Viber Dating ќе ви предложи потенцијални партнери врз основа на вашите преференции – свајпнете лево или десно за да изразите интерес. Кога двајца корисници ќе се допаднат еден на друг, се отвора можност за комуникација исклучиво во рамките на Viber Dating, одвоено од стандардните преписки. За уште подобро искуство, достапна е премиум функцијата „Кој ме лајкна“, а во наредните месеци ќе бидат воведени и нови опции.

Viber е создаден за да гради значајни и сигурни врски за корисниците и радува тоа што оваа посветеност сега се проширува и во светот на запознавањето. Многу луѓе ја изгубија радоста на запознавање поради онлајн измамите, а фрустрацијата од скапите апликации кои ги оставаат осамени постојано расте.

Регистрирајте се бесплатно на Viber Dating на овој линк: https://vb.me/ViberDatingPH_CreateAProfile_PR

Извор: Web-mind.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.