Оваа нова опција е уште еден знак дека Meta се обидува да ја искористи неизвесната иднина на TikTok во САД, откако платформата привремено беше недостапна на неколку часа во јануари годинава. Популарната апликација за кратки видеа, која е во сопственост на кинеската компанија ByteDance, би можела да биде трајно забранета на 5 април, а од неодамна повтoрно е достапна за преземање на App store и Google Play store.
Функцијата за паузирање моментално е достапна за ограничен број корисници низ светот, соопштиja од Meta, но компанијата се уште не открива кога ќе биде пуштена за пошироката јавност.
Досега, корисниците на Instagram можеа да паузираат видеа на Reels само со притискање и задржување на екранот, што беше покомплицирано од едноставниот допир кој TikTok го нуди. Во моментов, едноставен допир на екранот кај Instagram Reels го исклучуваше звукот на видеото, но видеото продолжува да се репродуцира.
Илјадници корисници оставија коментари и се обратија на социјалните мрежи со барање за копче за паузирање на Reels.
„Здраво @instagram, можам ли да побарам копче за паузирање на reels? Искрено, поранешен TikTok корисник кој жали,“ напиша еден корисник на социјалната мрежа X, откако TikTok беше недостапен неколку часа во САД минатиот месец.
Освен копчето за паузирање на Reels, Meta за февруари најави и нова апликација за видео-уредување наречена Edits, која ќе биде директна конкуренција на популарната апликација CapCut од ByteDance.
Meta, исто така, им плаќа на креаторите за да ја промовираат платформата Instagram на TikTok, Snapchat, YouTube Shorts и други платформи за кратки видеа, се вели во објавата на CNBC.
Извор: CNBC