Оваа година, мојот избор беше едноставен: одмор во Македонија. Одлучив да ја запознаам повторно – побавно, пољубопитно. Да ја видам повторно, низ нова перспектива, да се изгубам по истите улици, ама со различно срце. Да запаметам мириси, гласови, изгрејсонца.
Ми требаше само малку тивко време, неколку патеки по кои одам со љубов и Diners Club картичката – мојот постојан придружник во спонтаните одлуки и сигурен партнер кога нештата се случуваат надвор од планот.
Од Скопје, со срце полно планови. Првата пауза – бензинската на Макпетрол кај Тетово. Кафе, гориво и Diners кој дискретно ги претвора трошоците во 3 рати. Следеа Гостивар, Маврово и пејзажи од кои ти застанува здив: зеленила, сини реки, слобода во форма на пат.
Во Охрид стигнувам попладне. Сместување во Хотел „Тино“, со Diners – се разбира, на 6 рати. Вечерта – прошетка низ старите калдрми, слушам гитара од чаршијата, заливот мириса на спомени. Пица во Виа Сакра, смеа со непознати. Ако налетам на концерт, не двоумам – Diners секогаш ми е во џебот.
Поминав пет дена во Охрид. Свети Наум. Капење во Трпејца. Летна книга во Лагадин. Купување ракотворби во чаршија. Diners – секогаш присутен, тивок херој во секоја ситница.
Следна дестинација – Крушево. Патот е полн пејзажи и кратки паузи, а пристигнувањето таму е како преселба во друг свет. Се сместувам во Хотел Св. Никола, со плаќање на 6 рати. Го посетувам музејот на Тоше Проески, се шетам до езерото, а ручек и кафе со поглед ме чекаат во Панорамика. Овде времето мирува, а душата одмара.
Потоа – Дојран. Романтик со поглед на езеро, Fuk-Tak со свежа риба и совршен мирис на лето. Завршницата – Берово. Хотел Манастир, три дена планински мир и ѕвездени вечери. Diners – безгласен придружник и таму, каде што времето застанува.
На пат кон дома, последна пауза кај Велешко езеро. Телефонот – полн фотографии. Срцето – полно тишина. И знаев: Тука е филмот.