Приказната зад легендарната фотографија на Стив Џобс

Зад една од најпознатите технолошки фотографии на сите времиња стои приказна за неочекувана доверба, едноставност и тивко одобрување. Стив Џобс беше познат по тоа што не сака фотографи, и токму затоа оваа легендарна слика речиси и да не беше направена. А сепак, години подоцна, токму таа стана првата фотографија што се појави кога светот дозна дека него веќе го нема.

fotografija-4128-fi

Извор: unsplash

Стив Џобс на почетокот не сакал таа прочуена фотографија да биде направена.

Пред фотографирањето, неговиот ПР го предупредил фотографот:
„Само да знаеш – Стив мрази фотографи.“

Фотографот многу сакал да го придобие и усреќи и му рекол:
„Господине Џобс, имам добри вести за вас. Мислам дека ве имам на еден час.“
Стив потврдил: „Имаш.“

Фотографот додал: „Мислам дека можам сè да завршам за половина час.“

Лицето на Стив се озари.
„Ме погледна како да сум му дал божиќен подарок. Рече: ‘О, тоа би било одлично! Денес имам толку многу работа.’“

Фотографот му рекол:
„Замислете дека седите спроти четворица–петмина луѓе кои не се согласуваат со вас, но вие знаете дека сте во право.“

Стив одговорил:
„Совршено! Тоа го правам секој ден.“

Се наведна напред, го впери погледот, го стави палецот на брадата и даде суптилна, самоуверена насмевка. Беа направени две фотографии. Сè траеше 20 минути. Втората фотографија стана икона на поп-културата.

Кога си заминуваше, го побара Полароид и му рече на фотографот:
„Можеби ова е најдобрата фотографија што некогаш ми е направена.“
Фотографот помисли дека тоа го рекол од учтивост.

Години подоцна, од „Епл“ го повикаа фотографот итно.
„Ни треба таа фотографија од Стив. Дали сè уште ја имаш?“

Фотографот веднаш ја испрати. Наскоро, на својот iPhone доби известување…

„На мојот телефон се појави вест дека тој попладне починал. Таа фотографија беше на официјалната веб-страница. Значи, на крајот сепак му се допаднала.“ – рече фотографот.

Извор: web-mind.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.