Ребрендирањето на FilmBox означува стратешка пресвртница која носи поголема конзистентност помеѓу линеарните канали и стриминг услугата, истовремено јасно дефинирајќи го позиционирањето на секој бренд. Освеженото портфолио ги воведува каналите FILMBOX+ One, FILMBOX+ Love & Crime, FILMBOX+ Hits, FILMBOX+ Emotion, FILMBOX+ Action, FILMBOX+ Comedy и FILMBOX+ Festival, секој прилагоден на различните потреби на публиката и преференциите за содржина. Трансформацијата е заокружена со FILMBOX+ Stream – преименуваната стриминг услуга која нуди курирани колекции, богата библиотека со содржини и ТВ канали во живо за гледачите кои сакаат да гледаат, а не да „скролаат“. Услугата ќе биде лансирана под новиот домен filmboxplus.stream.
„FilmBox е камен-темелник на нашето меѓународно портфолио, со силно и растечко присуство низ Централна и Источна Европа и Балканот. Ова ребрендирање означува промислен чекор во следната фаза од неговиот развој, каде што прецизно прилагодената нова содржинска стратегија, усогласена со потребите на публиката и новиот вредносен предлог, се среќаваат со модерната архитектура на брендот,“ вели Патрицја Галонзка-Струзик, главен директор за маркетинг и дигитални технологии во SPI International.
Секој канал, како и стриминг услугата, ќе добијат модерен естетски дизајн за емитување и освежено лого. Шемата на бои е внимателно избрана за да го олесни разликувањето на каналите и да го нагласи уникатниот карактер на секој бренд.
Каналите ќе продолжат да се дистрибуираат преку водечките кабелски и сателитски оператори во над четириесет земји, особено ширум Централна и Источна Европа и Балканот.
За SPI International:
SPI International е глобална медиумска компанија која управува со ТВ канали и повеќе дигитални производи на шест континенти и е главен играч во дистрибуцијата на содржини и емитувањето ширум светот. SPI управува со повеќе бесплатни (FTA) и платени (Pay-TV) канали во регионите на ЦИЕ, Западна Европа, Азија и Адријатик, вклучувајќи ги клучните европски пазари како Полска, Чешка, Романија, Србија и Холандија. SPI International поседува низа етаблирани брендови кои станаа познати имиња, како што се FilmBox, Film1, Kino Polska, Stopklatka, DIZI, заедно со различни тематски канали и стриминг услуги, вклучувајќи ја и FilmBox+. Соработувајќи со над 800 оператори ширум светот, SPI користи најсовремена технологија овозможувајќи им на своите претплатници пристап до линеарните и „на барање“ (on-demand) содржини на SPI. Повеќе од 25 години, SPI INTERNATIONAL е водечки снабдувач на филмови за кината и телевизиски програми на меѓународните пазари. Цврстите сојузи на SPI со големите добавувачи на лиценци обезбедуваат привлечни содржини со силна препознатливост и голема побарувачка. www.spiintl.com
За повеќе информации, ве молиме контактирајте со:
Магда Гурницка (Magda Górnicka)
SPI International