Откриени аеродромите кои најмногу ја загадуваат планетата, три се наоѓаат во Европа

Откриени се 10-те аеродроми кои најмногу ја загадуваат животната средина, а дури три се наоѓаат во Европа, и покрај тврдењата дека се посветени на достигнување нето нулта емисија до 2050 година.

aerodromi-5698-fi

Извор: Magnific/HelloDavidPradoPerucha

Анализата, заснована на податоци од 2023 година и најновите достапни статистики на Меѓународниот совет за чист транспорт, покажа дека авио-индустријата би била петтиот најголем емитер на јаглерод диоксид во светот кога би била држава.

Топ 10 аеродроми кои најмногу загадуваат

Аеродромот Дубаи во Обединетите Арапски Емирати, кој служи како голем транзитен центар, е прогласен за најголем загадувач меѓу аеродромите, со 23,2 милиони тони емисија на CO2.

На второ место се наоѓа лондонскиот Heathrow со 21 милион тони емисија на CO2, додека трет е Лос Анџелес со 18,8 милиони тони. Заедно, овие три аеродроми произведуваат трипати повеќе емисии на CO2 отколку целиот град Париз (не сметајќи ги емисиите од авио-сообраќајот), пренесува Euronews.

На четврто место е аеродромот Incheon во Сеул, а потоа следуваат њујоршкиот John F. Kennedy, Хонг Конг, Charles de Gaulle во Франција и Франкфурт во Германија.

На глобално ниво, само 100 аеродроми се одговорни за приближно две третини од вкупните емисии на CO2 од патничките летови, додека европските аеродроми произведуваат повеќе емисии отколку аеродромите во Латинска Америка, Блискиот Исток и Африка заедно.

„Сектор зависен од фосилни горива“

Организацијата T&E смета дека новото истражување покажува дека авио-индустријата е сè уште „далеку од исполнување на целите за нето нулта емисија“.

„Да се дозволи на секторот кој зависи од фосилни горива да продолжи да се шири преку зголемување на капацитетите на аеродромите, само дополнително ја продлабочува најголемата слабост на авијацијата“, изјави Дениз Оклер од T&E. „Крајно време е приоритет да им дадеме на енергетската независност и здравјето на граѓаните“.

Сем Пикард, истражувач во ODI Global, предупредува дека многу сектори од Парискиот договор во 2015 година постепено ги намалувале емисиите, додека влијанието на авио-индустријата продолжило да расте.

„Овој проблем повеќе не може да се турка под тепих со половина ветувања за зголемување на употребата на скапите таканаречени одржливи авионски горива или слабите системи за компензација на емисиите. Потребна е вистинска стратегија и јасен план кој вклучува и управување со побарувачката“, додаде Пикард.

Од лондонскиот Heathrow порачуваат:

„Имаме јасен план за достигнување нето нулта емисија, а плановите за проширување мора да ги исполнат законски обврзувачките цели на Велика Британија кога се во прашање емисиите на јаглерод, квалитетот на воздухот и бучавата“.

Аеродромите во Дубаи и Лос Анџелес беа повикани да дадат свој коментар.

Извор: odrzime.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.