Подготвивме детална временска линија која ќе ви помогне да ги изберете вистинските третмани во вистинскиот момент – без паника во последен час.
3–4 недели пред празници: Третмани со посилен ефект
Ова е идеално време за третмани кои бараат малку подолг период на опоравување или постепено даваат резултати.
Хемиски пилинзи
Хемиските пилинзи го подобруваат тенот, ги намалуваат акните, пигментациите и текстурата на кожата. Неколку дена по третманот може да имате лупење, па затоа е добро да ги направите барем 2–3 недели пред празничните настани.
Микронидлинг
Го стимулира колагенот, ја затегнува кожата и ги намалува лузните. Резултатите се видливи постепено, па затоа овој период е совршен за закажување.
Ласерски третмани
Ласерските процедури за пигментации, капилари или подмладување исто така бараат време за смирување на кожата. Подобро е да се направат барем три недели однапред.
1–2 недели пред празници: Хидратација и освежување
Сега е периодот за третмани што брзо ја подобруваат текстурата и хидратацијата на кожата.
Третмани за хидратација
Совршени за длабинско чистење, хидратација и моментален сјај. Даваат резултати веднаш и кожата изгледа освежено.
Мезотерапија со хијалуронска киселина
Го подобрува хидратацискиот баланс и ѝ дава на кожата природен „dewy finish“. Убавината е што ефектот е видлив веќе по неколку дена.
Витамински коктели
Третмани збогатени со витамини, минерали и антиоксиданси кои се одлични за изморена кожа која сака брз полнеж на свежина.
Неколку дена пред празници: Final touch
Ова е периодот за третмани што даваат моментални резултати и не бараат период на опоравување.
Кислородни третмани
Го прават тенот светол, чист и одморен. Идеални за предвечерни излегувања и свечени настани.
Благи ензимски пилинзи
Овозможуваат моментален „health glow“ без иритација. Совршени за последен чекор пред шминка.
Лимфна дренажа
Го намалува отокот, ги дефинира контурите и го забрзува метаболизмот на кожата. Одлична за оние што сакаат свеж, одморен изглед.
Денот пред настан: Суптилни и брзи подобрувања
Sheet маски
Хидратантни, смирувачки или осветлувачки, овие маски се моментален спас за секој тип на кожа.
Ладење со ролер или gua-sha
Поттикнува циркулација, го намалува отокот и го подготвува лицето за шминка.
Совет за крај
Како и секогаш, најдобро е третманите да ги правите во салони со стручни естетичари кои ќе ја приспособат негата на вашата кожа. Со добро испланиран „празничен glow-up“, ќе влезете во сезоната со самодоверба, свеж изглед и чувство дека сте си подариле нешто убаво баш кога ви треба најмногу.
Извор: easylife.rs