убавина

Повеќе

Терапијата со црвено LED светло (red light therapy), односно фотобиомодулација, во последните години излезе од дерматолошките ординации и стана дел од секојдневните beauty и wellness рутини. Денес ја среќаваме во LED маски, панели за целото тело, третмани во салони, но и во програми за закрепнување по тренинг. Причината за толкавата популарност се ветувањата што звучат примамливо, подобра текстура на кожата, помалку видливи фини линии, намалување на воспаленијата и побрза регенерација.
Ново истражување, во кое со помош на 3D скенирање се анализирани повеќе од 600 лица, се обиде да одговори на прашањето како ги доживуваме најпривлечните црти на лицето кај мажите и кај жените. Научниците тврдат дека ги идентификувале карактеристиките кои повеќето луѓе ги сметаат за атрактивни, а резултатите покажуваат дека обликот на лицето игра значајна улога во создавањето на првиот впечаток.
Како и многу трендови за убавина и здравје, ниту тејпингот на лице (face taping), всушност, не е нов. Првата лента за оваа намена датира од крајот на 19 век, а во современиот свет нивното користење го популаризираше Холивуд, но тоа малку се разликува од она што го гледате на социјалните мрежи.
Longevity (долговечност) е збор кој денес често го слушаме, но ретко навистина го разбираме. Во медицинска смисла, longevity не значи само подолг живот, туку подолг период во кој се чувствуваме силно, стабилно и витално, не само физички, туку и ментално и биолошки. Тоа е концепт кој не се занимава само со годините, туку со квалитетот на секој ден.
Го знаете оној сјај што не доаѓа од шминка, туку од кожа што едноставно „функционира како што треба“? Токму тој природен сјај многу често го дава млечната киселина.
Празничната сезона е совршен момент да си дадете малку дополнителна нега и да блеснете на сите дружења, забави и семејни собири. Ако сакате свеж, одморен и „glowy“ изглед за новогодишните празници, вистинската тајна е во навремено планирање.
All articles loaded
No more articles to load