Зад кампањата стои Startup Club Skopje, а таа е дел од промоцијата на Startup Revolution AI Summit 2026, еден од најголемите настани за стартапи, технологија и претприемништво во регионот, кој ќе се одржи од 1 до 4 октомври во Скопје.
Со намерно погрешно напишаното „СКОПИЈЕ“, кампањата имаше цел да привлече внимание, но и да испрати порака поврзана со една од главните теми на самитот.
Извор: Startup Revolution AI Summit 2026
Вештачката интелигенција го менува нашето секојдневие и начинот на кој работат компаниите, но човечкиот фактор сè уште останува во центарот на новите промени. AI може да автоматизира процеси и да создава содржини, но човекот е тој што проверува, проценува и носи одлуки.
А еднорозите?
Тие се директна асоцијација на unicorn компаниите – стартапи со вредност поголема од една милијарда долари. Токму 10+ говорници и претставници од вакви компании се очекуваат во Скопје како дел од Startup Revolution AI Summit.
Од 1 до 4 октомври, Скопје ќе биде домаќин на повеќе од 2.000 учесници од над 50 држави, 400+ стартапи, 200+ инвеститори и над 100 говорници, со претставници од глобални технолошки компании, инвестициски фондови и меѓународниот startup екосистем.
Извор: Startup Revolution AI Summit 2026
Посебен дел од програмата е и Startup World Cup, преку кој победничкиот стартап од Скопје ќе добие можност да се натпреварува на глобалното финале во Сан Франциско за инвестициска награда од 1 милион американски долари.
Целта на Startup Club Skopje е глобалните компании, инвеститори и основачи да дојдат во Скопје, да го запознаат потенцијалот на локалниот и регионалниот екосистем и да се создадат нови можности за инвестиции, партнерства и глобален раст.
„СКОПИЈЕ“ било намерно. Скопје е правилно. А зад еднорозите стои една поголема амбиција – денес да ги донесеме глобалните компании во Скопје, а утре светот да доаѓа тука за компаниите создадени во нашиот регион.
Startup Revolution AI Summit 2026 | 1–4 октомври | Скопје
TEST POST 54