„Кога човек не мора да го жртвува сонот за работа, сè се менува на подобро. Имено, спиењето и работата се во постојан судир, а најчеста жртва е здравјето на поединецот, што се одразува и во тоа како тој ја врши својата работа“, вели Барнс.
Со него се согласува и социологот и економист Џулиет Шор од Бостонскиот колеџ, а мислењето е засновано на сознанијата собрани преку опсежно следење на организации ширум светот кои неодамна експериментирале со четиридневна работна недела.
„Работодавците сфаќаат дека ако можат да го променат мислењето за тоа од каде работат луѓето, можат да се премислат и тоа колку дена работат“, истакнува Шор и нуди конкретни бројки добиени по воведувањето на пократка работна недела, пренесува Poslovni dnevnik.
„После промената од петдневна на четиридневна работна недела, видовме дека само 14,5 проценти од вработените имале помалку од седум часа сон во текот на ноќта во споредба со 42,6 проценти пред промената. Во просек, сите спијат 7,58 часа во текот на ноќта. Тоа е скоро цел час повеќе отколку кога работеа пет дена во неделата“, објаснува таа.
Извор: Freepik / pvproductions
Продуктивноста на исто ниво
Исто така, продуктивноста на вработените останала иста или подобрена, што значи дека организациите кои се откажале од еден ден не се откажале од резултатите што ги постигнале. И на тоа може да се гради оваа приказна, која без двоумење би ја прифатилo огромното мнозинство вработени било каде во светот
Дури 77 проценти од испитани американски работници рекле дека четиридневна работна недела од 40 часа би имала исклучителen или донекаде позитивен ефект врз нивната благосостојба. Вработените исто така истакнале дека сакаат нивните компании да им овозможуваат слободни денови за ментално здравје (74 проценти), како и да го укинат работењето надвор од работното време (73 проценти).
Некои компании, вклучувајќи ги Amazon, Basecamp, Microsoft и Panasonic, нудат опции за четиридневна работна недела, но повеќето компании се држат до испробаниот петдневен модел. Зошто? Стручњаците тврдат дека тоа е комбинација од пониска продуктивност (иако студиите покажуваат дека тоа не е случај), проблеми со вработените, зголемени трошоци и сложени промени во деловните операции.