Diners Club Macedonia организираше Media Brunch и го претстави новото поглавје на брендот

Во пријатна и инспиративна атмосфера, Diners Club Macedonia организираше Media Brunch во Скопје, на кој пред медиумите, партнерите и соработниците го претстави својот нов визуелен идентитет и комуникациската платформа „Unlock Interesting“.

diners-5831-fi

Извор: Diners Club Macedonia

Настанот беше можност за отворен разговор за трансформацијата на брендот, неговата нова визија и насоката во која ќе се развива во периодот што следи. Гостите имаа можност одблиску да се запознаат со приказната зад редизајнот и вредностите што остануваат во срцето на Diners Club, но и со новиот, современ израз кој носи свежина, динамика и уште поблиска поврзаност со денешните корисници.

Преку презентацијата беше претставен новиот визуелен идентитет кој успешно ги спојува традицијата и довербата што брендот ги градел со години, со модерна естетика и пристап насочен кон искуствата што го прават секојдневието поинтересно.

diners-5831-ps2

Media Brunch-от воедно го означи и почетокот на новото поглавје на Diners Club Macedonia – период во кој брендот ќе продолжи да создава инспиративни приказни, нови партнерства и уште посилна поврзаност со својата заедница.

diners-5831-ps3

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.