Финансиска писменост за оние што не читаат банкарски тарифници

Во школо нè учеа како да ги најдеме корените на квадратна равенка, ама не и како да го најдеме коренот на нашиот финансиски хаос. Никој не ни објасни што точно е провизија, зошто има разлика помеѓу годишна и месечна камата, или зошто картичката ти изгледа кул додека не ти стигне изводот.

finansii-3663-fi

Извор: Генерирана со помош на AI

За Gen Z и младите миленијалци, финансиите не се табу. Само… се малку магла. Преполни сме со информации, ама со малку знаење. Не е затоа што не нè интересира. Напротив – сакаме да знаеме. Само не сакаме тоа да изгледа како банкарска брошура од 1998.

Сакаме слобода, сакаме искуства, сакаме брзи трансакции – ама и да знаеме што точно се случува кога ќе платиме со “картичка”.

Зошто е важно да знаеш што е камата, провизија, одложено плаќање…?

Можеби не те интересира банкарски речник, ама ако купуваш нешто денес, а плаќањето може да го одложиш без камата за 30 дена – тоа е информација што вреди. Или кога ќе видиш на сметката “месечна камата 1.99%”, а на друго место “годишна 23.88%” – те фаќа anxiety attack.

Многумина мислат дека кредитна картичка = долг. А не знаат дека ако ја користиш правилно, таа може да значи попусти, кешбек, привилегии – и, најважно, градење на твојот личен кредитен скор.

Новите генерации имаат нови прашања

  • Дали е паметно да се купува техника на рати?
  • Дали секогаш треба да плаќаш во кеш за да не се задолжиш?
  • Дали “финансиска слобода” значи да имаш картичка или да немаш ниедна?

Ова не се прашања за банкари. Ова се прашања за нас – оние што работат фриленс, тукушто почнуваат да градат кариера, стартуваат нешто свое, или едноставно не сакаат повеќе да прашуваат “Што е ова на изводот?”.

Што правиме на WebMind?

Од овој месец отвораме нова рубрика посветена на финансиската писменост – ама онаа што реално ни треба. Зборуваме за пари – онака како што зборуваме за се друго: директно, со малку иронија и многу „зошто никој не ми кажа ова?“

Секој текст ќе ти одговори на прашање што си го гуглал(а), ама не си добил(а) одговор кој го разбираш.

Темите ќе бидат практични, relatable, напишани од луѓе што исто како тебе не знаеле што е рефинансирање на месечна сметка до пред година-две. А ќе има и квизови, интервјуа, рушење табуа и искуства од корисници на нови финансиски алатки.

Страстен вљубеник во литературата и уметноста. Правник по диплома, новинар и маркетер по убедување, креатор на содржина и ПР ентузијаст од 9 до 5.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.