Психолошките фактори и брзоплетост
Невена Ружиќ, консултантка за приватност и заштита на податоци, истакнува дека еден од клучните фактори кој влијае на прекумерното споделување на лични податоци е брзината на животот и желбата да се заврши процесот на резервација на сместување што побрзо.
“Брзината со која живееме и времето што го посветуваме на нешто, понекогаш резултираа со брзоплети одговори на прашања, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на приватноста,” наведува Ружиќ. Кога корисниците добиваат наспроти себе ситуации кои бараат дополнителни информации, често избираат да го завршат процесот брзо, наместо да настојуваат на објаснување зашто некој податок е потребен.
Истражувањето на компанијата Касперски со 1008 испитаници, покажува дека граѓаните во региoнов се изложени на различни видови измами. Околу 80% од испитаниците изјавиле дека веруваат во тврдењето “Ништо во животот не се добива бесплатно”, што укажува на одредено ниво на свест за можни измами. Сепак, многумина корисници и понатаму непромислено или брзоплето ги споделуваат свои податоци под притисокот на времето и настојувањето.
Ризици од злоупотреба
Иако не е можно да се дадат точни бројки за тоа колку се чести злоупотребите, се забележува зголемен разговор за интернет измами, што укажува на нивно зголемување. Ова го потврдува истражувањето на компанијата Касперски, кое покажува дека околу 80% од испитаниците добиле понуда која изгледала премногу добра за да биде вистинита. Такви понуди често се дел од фишинг измамите, каде измамниците користат навидум автентични пораки или линкови за да ги измамат корисниците и да откријат лични податоци, што може да доведе до кражба на идентитет или други форми на злоупотреба.
„Фактот дека се зголемува разговорот за онлајн измами ни говори дека тие се случуваат и дека започнуваме да го препознаваме значењето на образованието и информирањето на луѓето“, открива Ружиќ.
Еден од најчестите ризици од премногу споделување на информации е кражбата на идентитет. Кога корисниците споделуваат свои лични податоци на небезбедни платформи или како одговор на „фишинг “ пораки, стануваат лесна мета за измамници кои можат да ги искористат тие информации за отворање на лажни сметки, земање на кредити или други криминални дела во име на жртвата.
Извор: Freepik / jcomp
Свеста на корисниците
Свеста за ризиците од споделување на лични податоци расте, но многу корисници и сè уште несвесно ги споделуваат своите податоци.
„Некои корисници споделуваат податоци за нивниот живот, не знаејќи дека тоа може да биде негативно за нив, додека други ги споделуваат уверени дека не е потребно да внимаваат на тоа “, напомнува Ружиќ.
Истражувањето покажува дека 72.9% од испитаниците би ја откриле својата е-пошта за попуст на туристички аранжман, додека откривањето на податоци од кредитни картички е многу помалку прифатено, со преку 80% испитаници кои не би го направиле тоа за било какви користи. Ова покажува селективна свест на корисниците за значењето на различни типови информации кои ги споделуваат.
Корисниците се подготвени да споделат одредени информации за различни цели. На пример, 66.5% од испитаниците би го откриле својот е-маил за бесплатни влезници за некој настан.
„На пат сме кон освестување на ризиците, но подигнувањето на свеста кај оние кои мислат дека споделувањето на податоци не е важно, сè уште претставува многу тежок предизвик“, објаснува Ружиќ.
Едукација и заштита
Еден од најефикасните начини за заштита на приватноста е едукацијата на корисниците. Ружиќ истакнува дека многу платформи веќе имаат корисни совети за своите корисници – кои податоци корисниците не треба да ги споделуваат. Подобрата информираност на личностите, свеста и знаењето, се клучни за заштита.
„Постојано им повторуваме на корисниците дека нивната безбедност главно зависи од нив. Освен квалитетно решение за заштита на уредите преку кои пристапуваме на интернет, основната информираност и поголема внимателност при споделување на лични податоци се неизбежни за да бидеме безбедни и подалеку од очите на сајбер криминалците и измамниците. Клучна улога во подигањето на свеста за ова имаат образовните институции, медиумите, но и компаниите, преку соодветни и ефикасни програми за обука,“ изјави Драган Давидовиќ, генерален директор на компанијата Касперски за источна Европа.
Што се однесува до заштита, антивирусните програми претставуваат примарен вид заштита при пребарувањето на интернет за повеќе од 50% од корисниците, и тоа како за паметни телефони, така и за лични и бизнис компјутери. Сепак, самото користење на антивирусни програми не е доволно. Корисниците мораат да бидат свесни и за други видови заштита, како што се користењето на силни и уникатни лозинки за различни налози, двофакторска автентикација и редовно ажурирање на софтверот.
Извор: Freepik / rawpixel.com
Споделување информации
Истражувањето покажува дека социјалните мрежи се најчести извори на информации за понуди и акции со попусти, потоа следат ТВ реклами и пребарувачи како што е Google. Ова покажува дека корисниците често не се свесни колку се ранливи на измама кога се потпираат на информации од социјални мрежи, кои можат лесно да се манипулираат или да бидат лажни.
Еден од начините на кои корисниците можат да ја зголемат својата безбедност е да избегнуваат споделување премногу информации на социјалните мрежи. Повеќе од третина од испитаниците сметаат дека споделувањето на содржини на социјалните мрежи ја загрозува нивната приватност, додека околу 20% веруваат дека нивните поставки за приватност се доволно безбедни. Сепак, скоро четвртината не се загрижени за тоа, верувајќи дека имаат целосна контрола врз изборот на содржината што ја објавуваат.
Законски штит
Законите кои ја штитат приватноста на корисниците се од клучно значење, но ретко ја штитат индивидуата самата од себе. „Освен правилата кои се однесуваат на обработката на податоци и одговорноста на оние кои ги обработуваат, би рекла дека подобрата информираност на индивидуите, значи свеста и знаењето, се клучни за заштита“, вели Ружиќ.
Законодавството во Северна Македонија ја уредува заштитата на личните податоци како основни слободи и права на физичките лица, а особено правата на приватност во врска со обработка на лични податоци. А тука е и Агенцијата за заштита на личните податоци, надлежна да врши надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија. Сепак, потребно корисниците сами да преземат одговорност и да внимаваат да не споделуваат премногу свои лични податоци.
Извор: Freepik / schantalao
Заштита
Најлошото сценарио од премногу споделување лични податоци може да има сериозни последици, вклучувајќи кражба на идентитет и целосно персонализирани измами. Истражувањата покажуваат дека свеста за овие ризици е на ниско ниво, но полека се зголемува.
Ни законите ни техничките решенија за безбедност не можат целосно да нè заштитат доколку сами не преземеме потребните чекори за заштита на својата приватност. Едукацијата, свеста и користењето на соодветни безбедносни алатки се клучни за минимизирање на ризиците и заштита на личните податоци во дигиталната ера.