Патот до летото почнува со „Одиме? Одиме!“

Има нешто во летото што не може да се спакува во куфер. Ниту во план. Летото има свој ритам, свој здив, свој тајминг. И обично започнува со првото „ајде да избегаме некаде“. Без голема филозофија, без агенда. Само добра енергија, две карти и малку слобода.

diners-4076-fi

Извор: Sora

Но дури и спонтаноста има своја цена. Затоа, ова лето, додека ја планираш магијата, вложи и малку свесност. Финансиската слобода е најдобриот патен придружник – не само затоа што ќе можеш да резервираш карта last minute, туку затоа што нема да се вратиш дома со финансиски мамурлак.

Совет #1: Направи фестивалски буџет – пресметај колку пари можеш да одвоиш за патување, сместување, храна, билети и малку глупости што ќе ги купиш од штанд на фестивал. Остави резерва за „ајде уште едно пиво“.

Ова лето не мора да биде совршено, доволно е да биде твое. Да се разбудиш во Котор од глас на саксофон од улица. Да залуташ низ Лисабон и наместо во музеј, да влезеш во двор со жива музика. Да стоиш на плажа, да гледаш во бината и да знаеш дека си токму таму каде што треба.

Совет #2: Плати паметно. Бирај картичка што нуди сигурност, попусти, помош на пат, патничко осигурување или едноставно опција за одложено плаќање.

Понекогаш фестивалите се само изговор, а вистинското патување почнува пред сцената, во меѓуградските разговори, на бензинска пумпа во 2 по полноќ, на винаријата покрај патот во Истра каде свират некои улични музичари што никогаш не си ги чул, ама ќе ги паметиш засекогаш.

Diners е секогаш тука, не гласно, не нападно. Туку онака како што треба, како чувство дека си сигурен. Дека нема да пропуштиш ниту еден момент. Без да мислиш дали можеш да резервираш last minute карта за Armin Van Buuren во Битола или билет за Jason Derulo или Hugel во Охрид. Или Sziget во Будимпешта. Можеби Dimensions во Тисно?

Совет #3: Користи ја MyDiners апликациjата – знаеш каде оди секој денар, а на крај колку вреди секое „одиме“.

Направи го патувањето свое, без компромис.

А летото се мери со тоа – дали си се смеел гласно под ѕвездите, дали си се изгубил и нашол на ново место, дали си пуштил песна што ја пееш цел пат и не ти е гајле колку си фалш. И дали знаеш дека токму таа ноќ, на таа сцена, додека стоиш со некој што го сакаш – нема да ја заборавиш.

Како оние лета кога љубовите траеја само додека трае фестивалот, ама ги паметите засекогаш. Кога целото друштво ќе се смести во еден стан во Охрид, кога спиеш на под, јадеш бурек во 4 наутро и мислиш дека светот е твој? Кога танцуваш бос по плочник, со срце што чука побрзо од басот додека те гледа – баш тој, баш таа.

Кога Скопје го оставаме зад нас, препечено и прашливо, а ние бегавме таму каде што летото не се мери во денови, туку во приказни. Тоа е младоста. Возбудлива. Нефилтрирана. Полна љубов и непланирана магија.

Некои приказни се купуваат со карта. Други со Diners.

Извор: Webmind редакција

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.