Интернетот изминатава година беше преплавен со трендот „Girl Math“ (Женска математика). Симпатично е кога се шегуваме дека кафето платено во кеш е „бесплатно“, но време е да преминеме на „Woman Wealth“. Да се биде жена во 30-тите значи дека времето на оправдувања е завршено.
Вистинскиот луксуз не е скапа чанта. Вистинскиот луксуз е да имаш свои пари, свој план и своја слобода.
1. „F-You Money“ или едноставно – Слобода
Во светот на финансиите постои еден термин наречен „F-you money“. Во превод, ова значи да имаш доволно сопствени средства за да можеш да кажеш „не“ на работи што не ти одговараат (лош проект, лоша работна средина или компромис кој не сакаш да го направиш). Тоа е моќта сама да го платиш оној премиум апарат за нега на лице што го меркаш со месеци, или да си уплатиш Ashtanga јога ритрит, без притоа тоа да биде тема на дискусија на семејниот совет. Мои пари, мои правила.
2. Заеднички живот, но индивидуална кредитна историја
Многу жени влегуваат во стапицата на „заедничката сметка“. Иако делењето на семејните трошоци е нормална работа, целосното претопување на твојот финансиски идентитет во тој на партнерот е грешка. Ако користиш само дополнителна картичка врзана за неговата сметка, ти технички не градиш своја кредитна историја. Утре, ако сакаш да подигнеш кредит за сопствен бизнис или инвестиција, за банката ти си финансиски невидлива. Мораш да постоиш во финансискиот систем под твое име.
3. Каде влегува Diners Club во твојот lifestyle?
Овде не зборуваме за задолжување за да купиш чевли. Зборуваме за кредитна картичка како алатка за менаџирање на твојот кеш флоу. Зошто сопствената Diners Club картичка е must have за една независна жена?
- Твој личен бафер: Имаш свој одобрен лимит кој ти дава сигурност. Знаеш дека во секој момент имаш финансиски бекап кој зависи исклучиво од тебе.
- Инвестирај во себе (на рати): Сакаш да уплатиш скап мастерклас за усовршување? Или конечно да ја обновиш пролетната гардероба со квалитетни (и поскапи) парчиња? Плати на рати без камата. Така твојата месечна ликвидност останува недопрена, а ти не чекаш со месеци за да ја оствариш целта.
- Приватност и прегледност: Преку MyDiners апликацијата, ти си свој сопствен сметководител. Имаш кристално јасна слика каде одат твоите пари, колку штедиш и колку инвестираш во твојот животен стил.
Најубавото кај финансиската независност?
Не чекај некој друг да ти го финансира животниот стил кој го посакуваш. Жената која сама ги контролира своите пари, го контролира својот живот. Таа е посамоуверена, поопуштена и, да бидеме искрени, изгледа неверојатно шик додека го прави тоа.
Затоа, отвори ја апликацијата, ажурирај го буџетот и запамети: Најдобрата инвестиција што некогаш ќе ја направиш е инвестицијата во твојата сопствена автономија.