Како да користите TikTok за да ја промовирате и имплементирате вашата емплојер брендинг стратегија?

Во последно време, емплојер брендинг се истакнува како клучна тема на секој бизнис и со неа се покренаа многу прашања, а ние отворивме уште едно - Како да се поврзат емплојер брендинг и TikTok?

employer-Tik-tok-1062

Извор: Freepik / Natanaelginting

TikTok повеќе не е за деца

Дигиталноста, а особено социјалните мрежи, се клучна алатка за промоција на вашиот бренд кои нудат бројни можности, но и неволји, кои треба максимално да се искористат. Навикнати сме да размислуваме за дигиталноста како простор за промоција, продажба, градење на свесност за брендот, но аспектот што е во пораст во последните години е емплојер брендинг. Кога сте во процес на креирање и имплементација на емплојер брендинг стратегија, веројатно ќе ги земете предвид социјалните медиуми и ќе ја занемарите платформата TikTok. Но, нашата целна публиката нема да го направи тоа.

Демографските податоци на TikTok значително се променија од нејзините почетоци и се разликуваат од она што повеќето го мислат – дека е наменета исклучиво за деца!

На графиконот можеме да видиме дека на оваа платформа не само што можеме да најдеме нови таленти, туку и сегашни вработени. Како и во реалноста, за успешно позиционирање на емплојер брендинг стратегијата, мора да посветиме големо внимание на нашите луѓе, вклучително и кога зборуваме за промоција на социјалните мрежи. Во спротивно, многу лесно може да се најдеме во центарот на кризата, особено ако ги земеме предвид поранешните вработени. Со истражување на дигиталноста, забележавме дека најзастапена тема поврзана со емплојер брендинг на форумите и Твитер е искуството на поранешните вработени и причините за отказ. Затоа вредностите што се пласираат на социјалните мрежи треба навистина да постојат и компаниите да ги живеат тие вредности, за секој вработен да биде задоволен и по заминувањето.

Секако, покрај негативните моменти, социјалните мрежи се простор за промоција на позитивни пораки, особено TikTok, каде секоја објава мора да биде природна, автентична и реална, а со тоа, вредностите што ги промовираме ќе изгледаат поискрени и ќе предизвикуваат попозитивни реакции. За да го постигнеме тоа, важно е да се водиме од следниве прашања: ШТО, КАКО, ЗОШТО. Односно, што сакаме да постигнеме, каква порака да испратиме, каква реакција да предизвикаме… потоа, како ќе го направиме тоа, кои методи и техники ќе ги користиме и да знаеме зошто го правиме тоа, кои се придобивките и што ќе добиеме од тоа.

employer-Tik-tok-1062

Некои три клучни сегменти што можеме да ги имплементираме на TikTok се привлекување нови таленти, промовирање на сегашните вработени и градење на свесност за брендот. Како што споменавме претходно, унапредувањето и посветувањето на сегашните вработени е од големо значење, а и нема да имаме успешно регрутирање ако не обрнеме внимание на оние кои сега ни се лојални. И секако, покрај различните признанија и придобивки на работа, користењето на TikTok е одлична алатка за тоа. Сте забележале напредок кај некој од вашите вработени и сакате да укажете на важноста што тој/таа ја има за бизнисот итн. Кратко видео на TikTok може многу да придонесе за ова. Од една страна ја пренесуваме пораката, а од друга ги вклучуваме вработените во самиот процес, давајќи им дополнително значење. Еве како тоа го направи Мекдоналдс:

https://www.tiktok.com/@southbound_mcdonalds_/video/7266856886425734432?is_from_webapp=1

Интересно е што преку TikTok можеме да привлечеме нови вработени на два начина: активно и пасивно. Активно, се разбира, значи креирање оглас за работа, меѓутоа на TikTok, сè за што зборуваме мора да биде прикажано на најприроден можен начин, бидејќи само на тој начин навистина ќе добиеме избор на одлични кандидати кои ги виделе вредностите и можностите за работа. Но, она што го издвојува TikTok од класичната потрага по нови таленти е пасивното регрутирање. Тоа ги вклучува сите клипови што ги објавувате и кои ја пренесуваат вистинската слика за вашата организација. На овој начин ќе привлече луѓе кои се препознале во вашите вредности и кои точно знаат како можат да придонесат за подобро работење. Така ние добивме одлична колешка во тимот, без која сега не можеме!

И, се разбира, TikTok е одлична платформа за градење на свесност за брендот, преку автентични видеа и прикажување на вашето работење, но и на влијанието што го имате врз општеството или природата. Ваквите објави може да допрат до голем број луѓе, да привлечат нови клиенти и вработени!

Определувањето на целите, односно пораките што сакате да ги испратите бара планирање, правење стратегија и тоа мора да биде во согласност со вашата визија, вредности и организациска култура, но ништо од тоа не е доволно, доколку не го спроведете на вистински начин. А за тоа е најважно да бидете автентични и искрени. Имајте на ум дека публиката ќе препознае кога е нешто наместено, особено кога зборуваме за емплојер брендинг. Кога ќе го земете тоа предвид, сè ќе биде полесно. Така, вие можете да ја испратите вашата порака преку showcasing, т.е. реално прикажување. TikTok е платформа која го цени раскажувањето приказни и обезбедува корисни информации, а тоа е нешто што вашата публика сака да го види. Истовремено, вие работите на зајакнување на вашиот имиџ и создавате позитивна слика за бизнисот.

Најдобар начин да пренесете порака, начин на работење и да прикажете и реализирате емплојер брендинг е преку вашите вработени. Тие се оние кои во најголема мера можат да ја покажат реалната слика за вашата организација и на кои публиката ќе им верува најмногу. Така, Google има заедница на вработени кои објавуваат како е да се работи таму и се нарекуваат Googlers.

Но, зошто да го правиме сето ова? Како што споменавме, TikTok е платформа каде што ги покажуваме работите онакви какви што се, а искреноста е една од клучните работи кога успешно се промовира емплојер брендинг стратегија. Иако големите реклами, огласи и фотографии можат да бидат успешни, TikTok е местото каде што публиката вистински ќе верува, да речеме, во задоволството на вработените, бидејќи во видеото ќе ги види реакциите на вработените и како тоа навистина изгледа. Покрај тоа, TikTok е платформа чија популарност расте со неверојатна брзина, а нејзиното влијание е уште поголемо.

TikTok влијае на популарната култура, музичката и филмската сцена, на начинот на кој информациите се пренесуваат и примаат, а со тоа и на бизнисот. Затоа е клучно вие како бренд да се позиционирате на оваа мрежа и да ги искористите сите моментални придобивки. Некои од нив практично претставуваат бесплатен Reach. Во нашиот регион, плаќањето за објави на TikTok сè уште не е опција и тоа треба да се искористи за најуспешно позиционирање. И секако, TikTok влијае на младите луѓе и на нивната перцепција за работата. Има сè повеќе луѓе кои ги следат трендовите кога бараат или остануваат на работа и тие имаат уникатни услови, а со пласирање на нашите вредности, ние влијаеме на нивното разбирање за тоа како изгледа да се работи за нас, кои се придобивките и условите, а на овој начин градиме позитивна слика за нашиот бизнис.

https://www.tiktok.com/@unilad/video/7335117833417919776?is_from_webapp=1

И секако, доколку пливате во овие води, ние имаме 3 пораки за вас:

  • Ослободете се и не плашете се да го претставите вашиот бренд на нов начин,
  • Бидете автентични и креативни,
  • Верувајте им на вашите вработени!

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.