Во првиот дел од филмот, Кевин останува сам дома откако неговото семејство заминува на патување без него. Една сцена го прикажува неговото одење во купување, каде што осумгодишното момче се шокира од висината на сметката. Во филмот, Кевин купува намирници во семеен супермаркет со име Рокфорд Шнукс во Илиноис.
Неговата сметка се состои од следново: половина галон млеко, половина галон сок од портокал, ТВ-вечера, векна Wonder леб, замрзнати макарони со сирење, течен детергент, проѕирна фолија, кеса со играчки-војници, листови за сушење алишта Snuggle и тоалетна хартија. Макалистер користи купон за попуст од еден долар, па вкупната сметка изнесува 19,83 долари.
Денес, сметката на Кевин ни звучи прифатливо, но тогаш момчето било збунето. Истата реакција ја имаме и ние денес, кога ќе сфатиме дека истата кошничка би нè чинела повеќе од 72 долари. Овој податок јасно ја покажува инфлацијата и неповолната економска состојба, а оваа сцена повеќе никогаш нема да можеме да ја гледаме на ист начин.
Инфлацијата не го одмина ни „Сам дома 2“
Инфлацијата толку драматично пораснала во последните три децении од прикажувањето на култниот филм „Сам дома 2“, што незаборавното уживање на Кевин денес изгледа целосно неисплатливо. Цената на десертот тогаш изнесувала 967 долари што и тогаш било екстремно скапо.
Раскошната посластица, која славно вклучувала 16 топки сладолед, денес би чинела неверојатни 2.233 долари.
Извор: odrzime.rs