10 начини да иницирате интимност, без да се чувствувате чудно или непријатно

Со текот на времето сите сфаќаме дека интимните односи многу ретко се случуваат спонтано, како во филмовите. Таму доволен е еден поглед, искрата веднаш пламнува и следниот момент ликовите веќе страстно ја кинат облеката. Во реалниот живот, потребно е многу повеќе од поглед, а кинење облека едноставно не е опција (ниту е практично). Негувањето на партнерскиот однос не се случува само од себе. А иницирањето интимност е важен дел од таа нега.

intimnost-5450-fi

Извор: lummi.ai

Колку подолго сте заедно, односот станува поуигран, што е пријатно и удобно, но токму таа уиграност може да доведе до занемарување на деталите. Работите стануваат предвидливи, досадни и неинспиративни. Особено кога сте уморни и се чини дека иницирањето интимност бара премногу труд.

Тука на сцена стапува намерата, создавањето атмосфера и свесното будење на искрата. Планирањето време за интимност можеби не звучи романтично, но е многу ефикасно и ви дава простор да испробате различни начини за негување на овој важен аспект од врската.

Начини да иницирате интимни односи кои вреди да ги испробате

Испратете му нешто заводливо

Кога предиграта започнува од далечина, создава чувство на очекување. Испратете му порака во текот на денот што суптилно ќе сугерира дека посакувате интимност. Може да биде едноставно како: „Цел ден мислам на тебе.“ или: „Сакаш ли да слушнеш што би сакала да ти направам подоцна?“

Ако партнерот не реагира, паузирајте со иницирањето. Но ако одговори заинтересирано, продолжете. Кога конечно ќе се видите, желбата веќе ќе биде присутна.

Запалете миризлива свеќа

Понекогаш најинтимните пораки не се кажуваат, туку се покажуваат. Следниот пат кога сте расположени, едноставно запалете ја вашат омилена миризлива свеќа. Може да имате и „ваш знак“ – свеќа која значи дека сте расположени за блискост.

Овој метод е дискретен, јасен и создава сензуална атмосфера.

Интимно шепотење

Заводливи зборови или суптилни коментари можат да бидат совршен начин да иницирате интимност. Не мора да бидат експлицитни – доволно е да му шепнете на увото нешто како: „Како добро изгледаш…“
Овој пристап е ласкав, буди желба и му дава можност и тој да одговори.

Ако ви е непријатно со директни пораки, испробајте разигран хумор:
„Сè завршив денес… освен тебе.“

Ова создава атмосфера без притисок, во која двајцата слободно ќе ги споделите желбите.

intimnost-5450-ps1

Извор: lummi.ai

Испланирајте интимно вечерно дружење

За долгорочни парови, закажувањето „вечер за нас“ може да биде многу ефикасно. Не мора да биде строго испланирано, доволно е нежен допир, комплимент или кокетна забелешка што ќе го изгради очекувањето.

Планираниот момент дава време да се подготвите ментално и емоционално, што ја олеснува природната близина.

Иницирајте интимност со масажа

Замолете за масажа или понудете ја, ова секогаш функционира. Масажата бара физичка близина, малку масло и многу допир. Повеќето пати интимноста продолжува сама од себе.

Важно е да изгледа природно: „Може ли да ми го измасираш долниот дел од грбот?“
или „Дозволи да ти ги опуштам рамената.“

Фокусот е на удобноста, не на експлицитната намера – што отвора простор за спонтана блискост.

Потсетете се на заеднички моменти

Реминисценцијата е силен афродизијак. Кажете му: „Се сеќаваш ли на онаа вечер кога…?“

Објаснете што ви се допаднало и суптилно наговестете дека би сакале повторно да го доживеете тоа. Нежен, сензуален разговор лесно води кон интимност.

Гледајте еротска содржина заедно

Ова може да биде начин да отворите разговор за желбите. Но не пуштајте ништо без најава, наместо тоа кажете: „Размислував за нешто што би сакала да го испробаме… сакаш ли да ти покажам?“

Ако сте на иста бранова должина, тоа може да биде почеток на ново искуство.

Суптилно, заводливо однесување

Интимноста често почнува нежно: прегратка одзади, бакнеж во врат, рака на половина.
Овие гестови потсетуваат: „Тука сум, те посакувам.“

Не мора директно да иницирате – доволно е да оставите простор партнерот да го „прочита“ сигналот.

Туширајте се заедно

Не мора интимноста да се случи таму, но туширањето е одлична предигра. Интимно, топло, без притисок.
Може да биде спонтано или планирано, зависно од расположението.

Директно кажете што сакате

Понекогаш најмоќниот потег е наједноставниот. Погледнете го партнерот и искрено кажете: „Те посакувам.“

Ова бара самодоверба, но е неверојатно ефикасно. Дури и ако партнерот во моментот не е расположен, искреноста гради доверба што ја држи врската силна.

Извор: easylife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.