10 фантастични работи за соништата што треба да ги знаете

Колку навистина знаеме за соништата? Многумина би рекле – многу малку, но ќе се согласиме дека не знаеме многу ни за мозокот, со оглед на тоа што е истражен само околу 10 проценти

sonista-5047-fi

Извор: Freepik

Еве што вели науката за соништата, а сигурно дел од ова не сте го знаеле, на пример, како сонуваат слепите лица.

Зошто мозокот ги памети соништата?

Некои луѓе паметат поголем дел од своите соништа, додека други можат да раскажат што сонувале еднаш на два месеца. Зошто е тоа така? Една од причините е што некои луѓе се будат почесто во текот на ноќта, иако станува збор за многу кратки периоди. За сонот да се врежи во долгорочната меморија, мораме да бидеме будни, во спротивно тој се губи во текот на ноќта.

Некои луѓе не можат да сонуваат

Кога ќе кажеме дека не сонуваме, другите секогаш ни велат дека сите сонуваме, само што не сите ги паметиме соништата. Сепак, постојат луѓе кои навистина не можат да сонуваат. Некои лица кои доживеале мозочен удар, по тој настан повеќе немаат соништа.

Центар за контрола на соништата

Паметењето на соништата зависи и од тоа дали имате лесен или длабок сон. Науката вели дека луѓето кои повеќе ги паметат соништата имаат поголема активност во медијалниот префронтален кортекс на мозокот. Исто така, оние кои имаат поголемо внимание кон надворешниот свет се посклони да ги паметат соништата. Значи, луѓето со полесен сон подобро ги кодираат соништата во својата меморија.

Што гледаат слепите луѓе во соништата?

Научниците потврдуваат дека луѓето кои се родени слепи или го изгубиле видот пред петтата година од животот не се во состојба да визуелизираат во соништата како останатите луѓе. Погледнете што вели една слепа личност за тоа:

Луѓето кои сонуваат на јаве, повеќе сонуваат ноќе

Научниците утврдиле дека деловите од мозокот кои се одговорни за нашето мечтаење и фантазирање во текот на денот, се истите што се одговорни и за ноќните соништа. Доколку често се занесувате во своите мисли неколку секунди или минути и сте во состојба добро да визуелизирате и замислувате ситуации, многу е веројатно дека сонувате повеќе од другите и дека ќе ги паметите тие соништа.

Целта на соништата

Иако постојат многу теории за соништата – дека тие се траги од минатото или иднината, дека се пророчки, дека преку нив можеме да ги решаваме нашите проблеми или да пронаоѓаме одговори на животни прашања – науката не застанала зад ниту една од овие теории. Затоа, не постои официјално објаснување за целта на соништата.

Мит е дека соништата се јавуваат само во REM фазата на сонот

Од педесеттите години наваму се верува дека соништата се јавуваат само во одредена REM фаза на спиењето, која опфаќа околу 20–25 проценти од времето на спиење. Науката вели дека луѓето понекогаш се будат од таа фаза без да имаат соништа, како и дека се будат по останатите 80 проценти од сонот и раскажуваат соништа. Вистина е дека голем дел од соништата се јавуваат во REM фазата.

Луѓето насекаде во светот сонуваат исти работи

Едно истражување открило неверојатни сличности во соништата што ги сонуваат луѓето ширум светот.

  • Соништата најчесто се фантазмагорични: луѓе, места, настани и предмети кои се обидуваат меѓусебно да се спојат.
  • Најчестите емоции во соништата се нервоза и негативни чувства.
  • Повеќето луѓе сонуваат во боја, но оние кои во детството гледале монохроматска телевизија почесто сонуваат црно-бело.
  • Околу 10 проценти од луѓето имаат сексуални соништа, при што оваа бројка е поголема кај адолесцентите.

Што значат соништата?

Ништо, пишува Спринг. Постојат многу теории, но науката нема ниту една официјално прифатена.

Луцидни соништа

Според истражувањата, просечната личност е во состојба само да запамети во кој дел од ноќта сонувала луциден сон. Затоа, при истражувањата на соништата, ваквиот сон е многу важен, бидејќи врз основа на него се спроведуваат и останатите истражувања.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.