Синото тркало на Swapfiets го претвора велосипедот во подвижен бренд

Една сина гума. Илјадници велосипеди. Еден незаборавен бренд. Како една сина гума стана најмоќната реклама на улиците на Европа?

swapfiets-3504-fi

Извор: Милош Ѓуроски

Кои се Swapfiets?

Swapfiets е холандска компанија која го револуционизира начинот на кој луѓето ги користат велосипеди во урбаните средини. Основана во 2014 година од неколку студенти во Делфт, нивната идеја e едноставна: месечна претплата за велосипед кој секогаш е во функција. Денес, Swapfiets е присутен во преку 60 градови низ Европа, вклучувајќи ги Амстердам, Копенхаген, Берлин и Париз. Нивниот слоган „Ваш велосипед, наш проблем“ ја отсликува нивната услуга — секогаш имате исправен велосипед, а тимот на Swapfiets се грижи за одржување и замена.

Моделот на претплата, инспириран од SaaS (Software as a Service) принципите, ги поставува корисниците во центарот на искуството, обезбедувајќи лесно, достапно и непрекинато користење на велосипед. Во еден момент кога мобилноста и одржливоста стануваат приоритети во градовите, Swapfiets успеа да изгради доверба и препознатливост на пазарот преку иновативен пристап. Но покрај бизнис моделот има уште еден дел кој го напрви  Swapfiets посебен и лесно препознатлив брент. Нивното предно сино тркало.

Уникатен модел на брендирање преку сината гума

На прв поглед, може да се помисли дека се работи за случаен визуелен елемент или грешка. Но, ефектот е моќен. Неновенционалната појава на сината предна гума, отвара прашање, зашто е тоа така, но и лесо се помни поради различноста и уникатноста. Сепак синиот преден пнеуматик на велосипедите на Swapfiets е далеку од случаен. Тој е кличен дизајнерски елемент кој станува главен визуелен идентитет на брендот — подвижен логотип низ улиците на Европа.

Во море од црни гуми и сиви рамки, синото предно тркало веднаш го привлекува вниманието. Без потреба од зборови, логоа или дополнителни графички елементи, оваа гума служи како „живо“ средство за комуникација. Луѓето на улица можат веднаш да препознаат Swapfiets велосипед — тоа е моќта на визуелна конзистентност и уникантост.

swapfiets-3504-ps1

Извор: Милош Ѓуроски

Но има и подлабоко значење: синото е и културна референца на холандската традиција — Delftware керамиката, карактеристична по сините орнаменти. Така, Swapfiets не само што избира боја која се издвојува, туку ја користи и за да воспостави емоционална врска со потеклото на брендот.

Од дизајнерска перспектива, ова е пример за исклучително ефикасен „brand cue“ — еден елемент што носи на себе низа значења и вредности. Тоа е и визуелен потпис и симбол. Кога ќе видите сина гума на велосипед, знаете дека е Swapfiets — дури и ако го гледате од далечина.

Во ера на дигитален маркетинг и пренаситеност со информации, оваа „тивка реклама“ е импресивно ефикасна, и е надвор од дигиталните светови.

swapfiets-3504-ps2

Извор: Милош Ѓуроски

Една точка на препознавање, цел бренд

Дизајнот е најмоќен кога е едноставен, но исполнет со значење. Синиот пнеуматик на Swapfiets е доказ дека една единствена точка на визуелна препознатливост може да изгради комплетен, препознатлив и доверлив бренд.

Во свет каде брендовите се натпреваруваат за внимание, овој пристап покажува дека клучот не е во комплексноста, туку во оригиналноста, конзистентноста и културната поврзаност. Swapfiets помалку вложува во масивни кампањи — тие вложуваат во паметен дизајн, во искуство и во моќта на визуелниот симбол.

За нас, дизајнерите, ова е потсетник дека некогаш најсилните идеи почнуваат со едноставна црта — или, во овој случај, со една сина гума.

Креативен и бизнис-ориентиран визуелен и продукт-дизајнер со страст за создавање иновативни решенија. Ужива во развој на концепти кои балансираат помеѓу естетска привлечност и практична употребливост за непречено корисничко искуство.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.