Дигитален одговор на кражба: Како KitKat направи „tracker“ за исчезнатата чоколада

Исчезнаа 12 тони чоколада. И не, не е заплет на некоја филмска комедија, туку вистински случај кој KitKat го претвори во маркетиншки потег за кој сега сите зборуваат.

kitkat-5469-fi

Извор: Freepik

Имено, овој глобално познат бренд, кој работи под покровителство на Nestlé, објави дека дури 413.793 чоколатца исчезнале за време на транспортот од Италија кон Полска, каде што требало да бидат дистрибуирани низ Европа. Накратко: цел камион „испарил“.

Наместо класично кризно соопштение, KitKat направи нешто попаметно лансираше алатка под името „Stolen KitKat Tracker“, која им овозможува на потрошувачите да проверат дали токму нивното чоколатце е дел од украдената пратка.

Моментот кога приказната станува интересна

Брендот, со доза хумор по која е познат („земи пауза“ овој пат некој го сфатил премногу буквално), успеа еден сериозен логистички проблем да го претвори во вирална кампања. Секако, социјалните мрежи веднаш реагираа, a многумина помислија дека станува збор за првоаприлска шега. Меѓутоа, од компанијата потврдија дека кражбата е вистинска и дека случајот е под истрага.

Она што е посебно важно за бизнисот е контекстот: кражбите на товар стануваат сè почест проблем ширум Европа. Софистицираните криминални мрежи сè почесто ја таргетираат стоката во транспорт, а чоколадата очигледно не е исклучок.

Како KitKat го искористи моментот

Но, наместо да остане само уште една вест за загуба, KitKat го направи она што најдобрите брендови го прават – го искористи моментот.

Кризата стана комуникација. Проблемот стана алатка за ангажман. А публиката, наместо само да ја прочита веста, доби причина да кликне, провери и учествува.

И можеби тоа е најважната лекција од оваа приказна: во време кога вниманието тешко се освојува, дури и 12 тони исчезната чоколада може да стане содржина.

А ако ништо друго, барем сега знаеме дека „направи пауза“ може да значи многу повеќе отколку што мислевме.

Извор: webmind.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.