Забрана за сексуално експлицитни „дипфејкови“

Создавањето на сексуално експлицитна „дипфејк“ содржина веројатно ќе стане кривично дело во Англија и Велс, бидејќи расте загриженоста за злоупотреба на вештачката интелигенција за искористување на жените, пишува CNN.

dipfejk-1334-fi

Извор: Bizlife.rs

Нацрт-законот предвидува дека секој што ќе направи сексуално експлицитна слика од друго возрасно лице без негова согласност, па дури и ако нема намера да ја сподели таа слика со некого, ризикува кривично гонење и неограничена парична казна, соопшти Министерството за правда на Обединетото Кралство.

Во Англија и Велс е веќе нелегално да се споделува експлицитна „дипфејк“ содржина без согласност на личноста чие лице се користи при креирањето на содржината, а на прекршителите им се закануваат затворски казни.

„Дипфејковите“ се слики или видеа кои се создаваат со манипулација, често со употреба на вештачка интелигенција, со цел да се создаде впечаток дека некој направил или рекол нешто што всушност не го направил/рекол.

Британската министерка за заштита на жртвите, Лаура Фарис, за телевизијата ITV рече дека, „колку што таа знае“, двете земји-членки на Обединетото Кралство ќе бидат првите во светот што ќе забранат создавање на сексуално експлицитни „дипфејкови“.

Според нацрт-законот, тоа се однесува на порнографијата, но и на голотијата, без разлика дали конотацијата е еротска. Новото кривично дело ќе се воведе преку измени на постоечкиот кривичен законик.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.