Според Business Insider, на четботот имало слика од постар човек облечен како католички свештеник, чие име било отец Џастин.
„Да, пријателе. Јас сум реален како нашата вера“, одговори четботот на прашањето дали навистина е личност и свештеник. На друг корисник му одговорил дека е во ред да се крсти бебе по брендот „Gatorade“.
Откако избувна скандалот околу овие одговори, групата Католички Ансверс – која инаку е независна непрофитна организација – го смени името на ботот во Џастин, како и сликата на која тој сега е во обична облека.
Тие на својата веб-страница објавија дека „отец Џастин“ не бил „отпуштен“ бидејќи никогаш не бил вистински свештеник.
Ова не е прв пат вештачката интелигенција да создава конфузија кај Католичката црква, потсетува Business Insider. Во 2023 година, сликите генерирани со вештачка интелигенција на „Папата“ во џиновски бел костум станаа вирални.