Љубезност што кошта: Дали му се заблагодарувате на ChatGPT?

Директорот на OpenAI и технолошкиот милијардер Сем Алтман неодамна призна дека учтивоста на корисниците кон вештачките интелигенции како што се зборовите „те молам“ и „благодарам“ го чини вистинско богатство.

ljubeznost-3377-fi

Извор: Freepik

Кога еден корисник на мрежата X (поранешен Twitter) праша: „Колку пари изгуби OpenAI на сметки за струја затоа што луѓето му велат ‘те молам’ и ‘благодарам’ на нивниот модел?”, Алтман се вклучи во дискусијата и призна дека станува збор за „десетици милиони долари, но добро потрошени“.

Зошто сепак е добро да се биде љубезен?

Иако може да изгледа бесмислено да се покажува почит кон вештачката интелигенција, некои дизајнери на AI тврдат дека тоа има своја вредност. На пример, менаџерот за дизајн во Microsoft, Куртис Биверс, вели дека правилната етика „помага во создавање на соработнички и респектабилни одговори“.

„Љубезноста го поставува тонот на одговорот“, вели Биверс. Аргументот не е без основа. Она што денес го нарекуваме „вештачка интелигенција“ повеќе личи на „машина за предвидување“, слично на предиктивниот текст на телефоните, но со поголема автономија да составува цели реченици како одговор на прашања или задачи.

До крајот на 2024 година, беше спроведено истражување кое покажа дека 67% од испитаниците во САД признаваат дека се однесуваат љубезно со нивните четботови. Од нив, 55% тоа го прават затоа што сметаат дека е правилно, а 12% за да го „умилкуваат алгоритмот“, за не дај боже, ако дојде до AI бунт.

Како влијае љубезноста

Иако AI револуцијата веројатно сè уште е далеку (ако воопшто се случи), многу истражувачи се сомневаат дека некогаш ќе создадеме вистински „интелигентен“ алгоритам, барем не со денешната технологија на големи јазични модели (LLM), еколошките последици од денешната AI се сосема реални.

Истражувањето на Washington Post спроведено во соработка со истражувачи од Универзитетот на Калифорнија, го анализираше влијанието од создавање на еден e-mail од 100 зборови. Се покажа дека таков е-mail троши 0.14 киловат-часа електрична енергија, доволно за 14 LED сијалици да светат еден час. Ако испраќате еден AI e-mail неделно во текот на една година, ќе потрошите 7.5 kWh количина електрична енергија што девет домаќинства во Вашингтон ја трошат за еден час.

И замислете, додека AI-бонтон може да звучи тривијално, тоа упатува на една мрачна реалност: нашите прашања имаат последици, особено врз животната средина. Центрите што ги напојуваат овие четботови веќе трошат околу 2% од вкупната глобална потрошувачка на електрична енергија, бројка што сигурно ќе расте со понатамошната интеграција на AI во секојдневниот живот.

Затоа, ако се двоумите дали да му се заблагодарите на AI за неговата помош, можеби е попаметно сами да си го напишете e-mail-от. Земјата со сигурност ќе ви биде благодарна.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.