Јазикот на делфините и Google
Разбирањето на јазикот на делфините сè уште е недостижно бидејќи тие користат исклучително сложен систем на комуникација. Сепак, целта на проектот на Google е да придонесе кон подлабоко разбирање на нивниот „јазик“, пренесуваат од ScientificAmerican.com.
Проектот, наречен DolphinGemma, е развиен во соработка со истражувачите од Институтот за технологија во Џорџија и непрофитната организација Wild Dolphin Project (WDP).
Со помош на вештачка интелигенција, Гугл направи значителен чекор напред во создавање на јазичен модел кој потенцијално би можел да помогне во декодирање на комуникацијата меѓу делфините.
Организацијата WDP веќе 40 години ги проучува делфините во Атлантскиот Океан и обезбедила акустични податоци снимени за време на нивната комуникација.
Токму овие аудио записи послужиле како основа за развој на јазичниот модел кој има за цел да помогне во разбирање на комуникацијата на делфините.
Од компанијата Google соопштија дека DolphinGemma може да биде корисен алат за истражувачите и научниците при откривање на скриени структури и потенцијални значења во „јазикот“ на делфините.
Извор: web-mind.rs