Најпрво е потребно да разберете и да препознаете што ви се случува, за да преземете конкретни чекори.
Што е парадоксот на анксиозноста и продуктивноста?
Парадоксот на анксиозноста и продуктивноста се однесува на тоа како анксиозноста може и да попречува, но и да помогне во ефектот. Делува збунувачки, но невронауката објаснува:
Анксиозноста ја покренува реакцијата на вашето тело на стрес, ослободувајќи адреналин и кортизол. Во кратки налети, ова всушност може да го изостри фокусот, да ја зголеми будноста и да ги подобри краткорочните перформанси. Особено во опкружувања со високи влогови, каде што роковите се приближуваат или одлуките мора брзо да се донесат.
Но, кога анксиозноста ќе стане хронична – како што често се случува кај луѓе со висок учинок или АДХД – го преоптоварува префронталниот кортекс на мозокот. Оваа област е одговорна за планирање, одредување приоритети и донесување одлуки.
Дека, наместо да поттикнува мотивација, нервниот систем преминува во режим на преживување. Затоа можете да се најдете во ситуација да:
- премногу размислувате за секоја одлука
- се мачите да се концентрирате
- побрзо ја согорувате енергијата отколку што ја надокнадувате.
Управување со енергијата меѓу хиперпродуктивноста и падовите
Невронаучниците ова го нарекуваат Јеркс-Додсонов закон – перформансите се зголемуваат со умерен стрес, но нагло паѓаат кога стресот ќе го надмине прагот на толеранција.
Во периодите на анксиозност ова често доведува до фрустрирачки циклус. Напорот да „држите чекор“, само доведува до поголема исцрпеност и расејаност и помала продуктивност.
Сепак, тука управувањето со енергијата може да игра витална улога во осигурувањето дека ќе останете и продуктивни и полни со енергија!
Управување со енергијата и влијанието на анксиозноста
Анксиозноста може да го преземе целото битие, ментално, физички, духовно и емоционално. На крајот може да ги потроши сите ваши резерви на енергија, оставајќи ве исцрпени. За да излезете од овој зачаран круг, најпрво треба да ги разликувате и да ги разберете различните видови енергија.
Физичка енергија
Физичката енергија ја покренуваат сонот, движењето, исхраната и одморот. Но, анксиозноста постојано ја активира вашата реакција на стрес, преплавувајќи го телото со кортизол и адреналин. Дека, со тек на време, ова може да:
- го наруши вашиот циклус на спиење
- ја зголеми напрегнатоста и болките во мускулите
- ги испразни вашите резерви на енергија побрзо отколку што можете да ги надокнадите.
За високопродуктивните кои се постојано загрижени, ова често создава циклус во кој телото е напрегнато, а истовремено исцрпено.
Емоционална енергија
Емоционалната енергија доаѓа од вашата способност да ги регулирате чувствата, да градите односи и да одржувате отпорност под притисок. Кога анксиозноста ќе порасне, вашиот емоционален капацитет се стеснува.
Дури и мали застои можат да делуваат преплавувачки во оваа емоционална состојба. Можеби ќе се најдете во ситуација претерано да реагирате на работи на кои обично не би реагирале. Исто така можете да се чувствувате престимулирано. Ова е сигурен знак дека ви е потребен емоционален одмор.
Ментална енергија
Менталната енергија се однесува на вашиот фокус, креативност, решавање проблеми и резервите за донесување одлуки. И да, вашиот префронтален кортекс е вклучен во овие процеси, што анксиозноста ја прави особено проблематична.
Духовна енергија
Духовната енергија се однесува на вашето чувство за смисла, усогласеност и цел. Одржувањето врска со вашето внатрешно „зошто“ може да направи работата да се чувствува смислено и енергично. Па сепак, кога анксиозноста ќе преземе контрола, мозокот се префрла во режим на преживување, стеснувајќи го фокусот и отежнувајќи ви да видите подалеку од непосредните барања.
Трендови во невронауката: Техники за управување со енергијата
Управувањето со резервите на енергија значи работа со вашиот мозок за да му дадете она што му е потребно. А тука невронауката дава многу корисни сознанија и насоки. Научните сознанија покажуваат дека мозокот со АДХД побрзо согорува допамин и гликоза. Заузврат, тоа може да ги направи енергетските осцилации поекстремни, а падовите уште потешки. Затоа, управувањето со овие големи промени е најважниот чекор.
Почнете со утврдување кои од вашите резерви на енергија се исцрпени. Оттука, погледнете ги предложените чекори кои можат да ви помогнат да се регулирате.
Управување со ниска физичка енергија
За да го регулирате физичкиот дефицит на енергија, пробајте со активности кои ја покренуваат хормонската и хемиската рамнотежа на организмот.
Изложете се на утринска светлина за да го урамнотежите кортизолот и да го зголемите серотонинот.
Практикувајте кратки вежби (брзо одење неколку минути, истегнување неколку минути, изведување скокови…)
Работете вежби за дишење кои го смируваат нервниот систем
Управување со емоционалната енергија
Најпрво разгледајте ги вашите чувства, за да го препознаете нивото на емоционална исцрпеност. Именувајте ги тие чувства. Кажете си себеси, или уште подобро, запишете: „Се чувствувам анксиозно поради…“, „Се грижам поради…“, „Се чувствувам преоптоварено, бидејќи…“
Применете стратегии за обновување на резервите на емоционална енергија:
Дружете се. Поканете пријател или прашајте колега дали би бил расположен за разговор за време на ручекот. Дури и малку може многу да значи!
Разговарајте со терапевт. Пронајдете оној кој е специјализиран за популации со високи перформанси и АДХД.
Направете самоанализа. Запишете ги сите емоции кои ги чувствувате и зошто ги чувствувате. Понекогаш, само исфрлањето на тоа од градите многу помага!
Техники за надохнадување на менталната енергија
Ако ви е тешко да го одржите фокусот, да размислувате јасно и да носите одлуки, во прашање е пад на менталната енергија. Овде можат да ви помогнат техники за управување со времето.
Испробајте го Помодоро методот – 25 минути работа и 5 или 15 минути пауза.
Работете во блокови од 90 до 120 минути, а потоа направете пауза од 15 минути.
Користете алатки за управување со времето (планери, календари, потсетници на телефонот, стикери).
Ова може да помогне во намалување на заморот од донесување одлуки и да осигура дека го следите планот, а не насумично да работите во текот на денот.
Управување со ниска духовна енергија
Чувството на бесмисла оди заедно со безнадежноста, а овие мрачни расположенија можат да ви ја одземат секоја волја да се покренете.
Позанимавајте се сериозно со падот на духовната енергија:
Дефинирајте ја својата цел, особено кога е во прашање вашата работа.
Направете потсетници на таа цел за тешките моменти (стикери, мотивациони пораки, аларм).
Пратете ги своите победи секој ден и славете ги дури и оние најмалите.
И не мора да го направите секој наведен чекор работете го она што работи за вас, или изберете еден совет кој ви делува смислено. Имајте предвид дека ова се стратегии кои постојано ќе ви служат, а не нешто што ќе го направите еднаш и никогаш повеќе. Одржувањето на менталната рамнотежа и нивото на енергија е нешто со кое сите постојано се занимаваат, дури и кога тоа не го прават намерно и организирано. А кога свесно вложувате напори, полесно ќе ги забележите постепените подобрувања.
Извор: wannabemagazine.com