Наместо сами да отвораат десетици веб-страници и да споредуваат информации, денешните корисници бараат препорака, споредба или решение, а вештачката интелигенција ги сумира достапните информации и предлага конкретни брендови, производи или услуги.
Токму затоа компаниите денес треба да размислуваат не само како изгледаат на пребарувачите, туку и како се појавуваат во AI summaries и разговорите што корисниците ги водат со големите јазични модели.
Клучното прашање повеќе не е дали вашиот бренд има веб-страница или профили на социјалните мрежи. Прашањето е дали вештачката интелигенција располага со доволно јасни, релевантни и доверливи информации за да ве препорача кога корисникот бара решение.
Ова се темите што можеби за првпат во македонскиот бизнис форум ги отворија АХК Северна Македонија и Represent Communications Македонија и предизвикаа голем интерес кај членките на македонско-германското стопанско здружение што присуствуваа на настанот.
Во продолжение погледнете дел од атмосферата од настанот.